Додик со покана за на суд - тврди референдумот бил народен

Објавено во: Балкан 29 Септември, 2016 09:35
Претседателот на Република Српска, Милорад Додик апелираше до граѓаните кои ќе организираат протест пред зградата на Судот и Обвинителството на БиХ, да не доаѓаат во Сараево од безбедносни причини.
Тој добил повик за сослушување од Обвинителството на БиХ поради одржување на референдумот за Денот на Република Српска. Не му е јасно зошто во Сараево и од странците има критики за референдумот, кој тој го смета за народен.
„Политичко Сарево и странците нека прават што сакаат“ - рече Додик.
Тој вели дека нема да се крие зад никаква колективност.
Повтори дека ќе одговори на повикот и дека е подготвен да даде изјава во Обвинителството, но во некоја правосудна институција на РС и повтори дека нема да замине за Сараево.
Претседателот на РС во вторникот во Бања Лука изјави дека не е подготвен да замине во Сараево по изјавата на претседавачот на Претседателството на БиХ, Бакир Изетбеговиќ, кој му ја предвиде судбината на Моамер Гадафи и Садам Хусеин.
На референдумот мнозинството граѓани на РС одлучија 9 јануари да се слави како Ден на Република Српска.
Можеби ќе ве интересира
ЗАКИНТОС СЕ ТРЕСЕ: Земјотрес од 4,8 степени удри во Јонското море

ХАОС И ЗА ВЛЕЗ И ЗА ИЗЛЕЗ ОД ЗЕМЈАВА: Прешево и Богородица преполни со возила

(ВИДЕО) ОГРОМЕН ПОЖАР ВО ХРВАТСКА, ОГНОТ ГОЛТА СЕ ПРЕД СЕБЕ: Туристите бегаат,морничави снимки пристигнуваат од познатото летувалиште

КУПУВАМ ВО МАРКЕТИ, ПА СИ ПОДГОТВУВАМ ОБРОЦИ: Туристите се шокирани од цените во Будва

(ФОТО) НЕВРЕМЕ ВО ХРВАТСКА: Дрвја паднаа врз туристи, а гром удри во Германец

Нова провокација од Бугарија? Претседателот на згаснатиот „Ванчо Михајлов“ примен во бугарското МНР

(ВИДЕО) ВУЧИЌ ВО ПАРК: Време е да ги подобрам физичките карактеристики, да бидам малку помалку дебел

(ВИДЕО) НЕСРЕЌА ВО ГРЦИЈА: Хеликоптер се урна во морето

ПОЧНА СЕЗОНАТА НА ДОМАТ – ТУРИЗАМ, КРИШКА ЛЕБ СО ПАШТЕТА НА ПЛАЖА ЗА ДВАЈЦА: Денот се поминува со помалку од 5 евра
