04 Мај, 2024
0.0248

Идната година ќе се одвојат 140 милиони евра за земјоделските субвенции

Објавено во: Агробизнис 13 Октомври, 2013

Добивај вести на Viber

Годинава земјоделските субвенции изнесуваат 135 милиони евра, а нивната исплата оцени дека оди добро, оценува премиерот Никола Груевски за кого оваа мерка, заедно со можност за откуп на државното земјиште и поддршката за формирање задруги се од голема помош за земјоделците. „Тоа е рекорд во историјата на Република Македонија. Никогаш ниту приближно немало вакво нешто“, истакна премиерот кој посочи дека кога навласт билнивниот политички опонент, вакви мерки немало. До година, информираше тој, во буџетот се предвидени 140 милиони евра. Ги повика земјоделците да се здружувааат во земјоделски задруги за да можат на поефикасен начин да ги искористат својот труд, енергија и производ. Кога се настапува со поголема количина, вели премиерот, полесно се наоѓаат купувачи во Европа. „Постојат и многу други работи со кои му помагаме и ќе му помагаме на македонското земјоделство, кое е еден од основните столбови на нашата економија и воопшто на живеењето во овие години“,истакна Груевски. Aплицирањето за земјоделски субвенции годинава е продолжено и барања во подрачните единици на министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ќе се примаат до 20 октомври.

Можеби ќе ве интересира

ВО МАКЕДОНСКИТЕ ПЧЕЛАРНИЦИ СÈ ПОЧЕСТО ИМА ДРВЦА ПАУЛОВНИЈА: Кој е бенефитот од нив?

ВО МАКЕДОНСКИТЕ ПЧЕЛАРНИЦИ СÈ ПОЧЕСТО ИМА ДРВЦА ПАУЛОВНИЈА: Кој е бенефитот од нив?