15 Декември, 2025
0.0463

ДОГОВОР НА ВЕКОТ: Во Кина ќе никне огромна рафинерија за нафта

Објавено во: Економија 27 Март, 2023 13:54

Добивај вести на Viber

Саудискиот нафтен гигант Сауди Арамко потпиша договор со своите кинески партнери за проект за рафинерија и петрохемиски комплекс во североисточна Кина вреден 12,2 милијарди долари, кој треба да започне со работа во 2026 година.

Проектот во градот Панџин во провинцијата Лиаонинг ќе биде втора голема инвестиција за рафинирање и петрохемија на Арамко во Кина, а договорот беше потпишан откако најголемиот светски извозник на нафта објави рекорден профит во 2022 година од 161 милијарда долари, пишува Ројтерс.

Заедничкото вложување Huajin Aramco Petrochemical Company (HAPCO) ќе изгради рафинерски комплекс за преработка на 300.000 барели дневно, кој годишно ќе произведува 1,65 милиони тони етилен и два милиони тони параксилен, објави саудиската компанија.

Проектот се очекува да чини 83,7 милијарди јуани (12,2 милијарди долари), се вели во соопштението на партнерската група Panjin Xicheng Industrial објавено на WeChat во неделата.


Нешто повеќе од половина од акциите во новиот комплекс ќе бидат во сопственост на кинескиот производител на воена опрема NORINKO Group, Aramko 30 проценти и Panjin Xincheng 19 проценти.

Изградбата на комплексот ќе започне во вториот квартал откако ќе се обезбедат потребните административни одобренија за проектот, рече Арамко. Се очекува фабриката да биде целосно оперативна до 2026 година, се додава.

Арамко ќе испорачува до 210.000 барели сурова нафта дневно од комплексот, пренесува Хина.

Фото: Принтскрин/Твитер

Можеби ќе ве интересира

Добро платени работни места за луѓе кои мразат состаноци

Добро платени работни места за луѓе кои мразат состаноци

Украинските напади и санкции го земаат својот данок – ова не се случило со Русија од 2022 година

Украинските напади и санкции го земаат својот данок – ова не се случило со Русија од 2022 година

Историски максимум: Од почетокот на годината, цената на овој метал се зголеми за 113 проценти

Историски максимум: Од почетокот на годината, цената на овој метал се зголеми за 113 проценти

Што кажува банкротот на iRobot за глобалниот пазар на роботски правосмукалки?

Што кажува банкротот на iRobot за глобалниот пазар на роботски правосмукалки?

Уште една валута e на нов рекорден минимум

Уште една валута e на нов рекорден минимум

Кои се најуспешните земји во ЕУ во однос на наплатата на ДДВ?

Кои се најуспешните земји во ЕУ во однос на наплатата на ДДВ?

Најлоши во ЕУ: Оваа земја е најзависна од парите што ги праќаат иселениците

Најлоши во ЕУ: Оваа земја е најзависна од парите што ги праќаат иселениците

Зошто се намалува вредноста на доларот во однос на еврото?

Зошто се намалува вредноста на доларот во однос на еврото?

Најголемиот германски производител на челик привремено го запира производството во две големи фабрики - 1.200 работни места во опасност

Најголемиот германски производител на челик привремено го запира производството во две големи фабрики - 1.200 работни места во опасност