Договореното е најсигурно: Нова кампања за земјоделци тешка 32 илјади евра
Објавено во: Агробизнис
25 Март, 2013 09:48
Добивај вести на Viber
За речиси 32 илјади евра маркетинг агенцијата Маркет Висион во следните 12 месеци ќе прави рекламна кампања „Договореното е најсигурно“. Нарачател е Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство со намера да ја промовира и да ја зајакне свеста кај земјоделците за договорен пласман на земјоделските производи, за придобивките и сигурноста на договореното производство и договорениот откуп.
Притоа преку телевизиски видео спотови, постери, флаери и реклами во неколку дневни весници, Министерството преку оваа кампањата ќе ја објаснува и законската регулатива согласно Законот за земјоделстви и рурален развој и санкциите кои се однесуваат на производителите на земјоделски производи и на откупувачите на земјоделските производи.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина
ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина
Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?
Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?