05 Декември, 2025
0.0385

Договорното производство во вредносниот синџир за преработка на зеленчук

Објавено во: Агробизнис 25 Април, 2013 14:55

Добивај вести на Viber

-Поддршката на Договорното производство во вредносниот синџир за преработка на зеленчук има за цел зајакнување на вертикалната интеграција на вредносниот синџир за преработка на зеленчук преку заедничко планирање на зеленчуковото производство и преработка на начин на кој ќе обезбедaт постабилни приноси и квалитет на производите и посигурни приходи за договорните страни,ова го изјави денеска министерот Димовски на промоцијата на резултатите од спроведувањето на активноста.

- Препознавајќи ја важноста на овој сегмент, својата посветеност во поддршка на интегриран развој на вредносните синџири, Министерството за земјоделство ја потврдува преку носење и доследно спроведување на законски и подзаконски одредби кои го регулираат договорното производство и неговото доследно имплементирање. Со цел зајакнување на меѓусебната директна соработка меѓу преработувачката индустрија и нивните кооперанти, добавувачи на потребните суровини за преработка, Министерството, веќе неколку години во годишните програми за директна поддршка вклучува и дополнителни субвенции за количините на зеленчук предадени во преработувачките капацитети, рече Димовски.

- Пеку воведување дополнителна поддршка на земјоделски советници, Министерството за земјоделство верува дека ќе даде дополнителен поттик за понатамошно ширење на овој пристап на поблиска соработка меѓу земјоделците и преработувачката индустрија, истакна Димовски.

Министерството за земјоделство почна со активности за реализација на кампањата „Договореното е најсигурно“. Во моментов се врши изработка на рекламниот материјал за реализација на кампањата, која наскоро треба да почне.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?