Договорот за Шенген без ставка за суспензија на визното олеснување
Објавено во: Мои пари 30 Мај, 2013 15:50
Претставници на Европскиот совет, Комисијата и Парламентот постигнаа доцна синоќа договор за измени на Шенгенскиот договор, со кој се овозможува подобра контрола на европските граници, соопшти денеска еврокомесарот за внатрешни работи Сесилија Малстром, јави Танјуг.
- Ова е важен чекор кон унапредување на функционирањето на Шенгенскиот систем, наведува Малстром во соопштение, истакнувајќи дека е добро што договорот штити од слобода на движење внатре во Шенген зоната низ јасни правила за контрола на надворешните и внатрешните граници.
Важно е да се напомене и дека во договорот за Шенген не е вклучена ставка за суспензија на визните олеснувања (т.н. заштитен механизам) поради зголемен прилив на лажни азиланти, првенствено од Србија и од Македонија.
Со оглед дека земјите-членки кои бараа воведување на овој механизам за тоа не постигнаа договор со Комисијата и Парламентот, тоа значи дека граѓаните од земјите во регионот и во иднина ќе можат без визи да патуваат во Шенген зоната.
Спогодбата за измени на Шенгенскиот договор е резултат на повеќемесечни преговори на клучни европски институции со земјите-членки во врска со прашања кога времено можат да се воведат гранични контроли внатре во Шенген зоната.
Синоќа конечно е договорено ЕК да добие клучна улога во временото воспоставување граници, на што претходно се противеа некои членки. Според договорот, Комисијата ќе има право не само да одлучува дали некоја вонредна ситуација бара да се воведат внатрешни контроли, туку ќе може да испраќа вонредни инспекциски тимови кои ќе реагираат на обидите на земјите-членки наспроти шенгенските правила да воспостават контрола над своите граници.
Договорот исто така ја јакне улогата на Фронтекс, европска служба за контрола на границите, која отсега ќе има подобар увид во тоа кој влегува а кој излегува од Шенген зоната.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Пакомак најави отворање на нов погон за секундарно селектирање на отпадот, каков што нема никаде на Балканот
Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“
Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“
ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ
Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?
Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели
Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни
АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј





