ДОЈАВА ЗА БОМБА ВО СОБРАНИЕ ГО КРЕНА МВР НА НОЗЕ: Сепак, била лажна!
Објавено во: Македонија 31 Јануари, 2017
Ново анонимно јавување доцна синоќа го крена на нозе Министерството за внатрешни работи кога лицето Н.Н. околу 23,02 часот пријавило дека е поставена бомба во Собранието на РМ.
Од страна на МВР веднаш се известени единиците за Антитероризам,за превземање на понатамошни мерки.
По направените проверки било заклучено дека се работи за лажна дојава која дошла од телефонска говорница од Казнено поправниот дом „Идризово“.
За два дена ова е втор обид за лажни дојави во МВР.
Викендов, граѓанин се закани дека со две ракети за 16 минути ќе ја крене во воздух владата.
Сепак на крај човекот беше пронајден и приведен, а во исказот пред надлежните служби рекол дека за оваа невообичаена постапка бил мотивиран од начинот на кој функционира системот во државата.
Коментарите на многумина се дека некој се обидува да привлече внимание и да ги сврти очите на јавноста во друг правец од политичката состојба во земјава.