Дојде ли живот за „Супертрејд“ од државните тендери на нафтени деривати?

Објавено во: Македонија 02 Ноември, 2018 10:16
„Супертрејд“ годинава драстично ја зголеми работата со државни тендери. Колку е енорма промената на позицијата на „Супертрејд“ се гледа од јавно достапниот податок дека годинава добил четири од своите пет најголеми тендери што ги добил од 1 јануари 2008 година до 30 октомври годинава. Дури три од нив добил од „Македонијапат“
Скопската компанија „Супертрејд“ од почеток на годинава па до 30 октомври добила тендери за снабдување на буџетски корисници и државни органи и компании во вкупна вредност од 5,3 милиони евра, покажуваат официјалните податоци од истражувањето на „Фактор“ во кое беа опфатени податоци за тендери достапни на агрегаторот на вести time.mk. Во истражувањето се опфатени сите јавни набавки со вредност од најмалку 20.000 евра. При тоа во пресметката се изземени јавните набавки за авионско гориво и за природен гас, а изземена е и најголемата јавната набавка во која „Пуцко Петрол“ го доби снабдувањето на ЈСП Скопје за 15 милиони евра од причини што овој тендер повеќе кратно ги надминува вредностите на сите другите тендери кои биле распишани од почеток на годинава па до 30 октомври. Овие изземања ги направивме со цел да добиеме што е можно пообјективни резултати.
Споредувани се резултатите на 7 компании кои конкурираат на тендери на државни органи , буџетски корисници и државни компании. Од нив произлезе дека „Супертрејд“ е „махер“ за добивање државни тендери односно најуспешна компанија во добивање јавни набавки. Затоа што има подобри резултати од многу поголемите компании конкуренти „Макпетрол“ и„Лукоил“.
Колку пораснала работата на „Супертрејд“ од државни тендери?
Во споредба со истиот период лани (1 јануари до 30 октомври 2017 година) „Супертрејд“ годинава добил четири пати повредни тендери. Соодносот е 5,3 милиони евра наспрема 1,4 милиони евра во истиот период лани (набавки поголеми или еднакви на 20.000 евра).Годинава „Супертрејд“ добил 38 тендери со вредност од најмалку 20.000 евра , а меѓу нив најголеми се двата тендери од „Македонијапат“ на вкупна вредност која надминува 2,2 милиони евра и еден тендер од МВР кој надминува 887.000 евра.
Многу е интересен податокот за тоа што од најголемите 10 тендери по период од безмалку 11 години (јавни набавки со најголема вредност од 1 јануари 2008 година до 30 октомври 2018 година) дури 5 највредни тендери „Супертрејд“ ги добива оваа година. Дури 4 од 5 најголеми тендери што ги добил „Супертрејд“ во период од речиси 11 години се четирите тендери кои ги добил оваа календарска година.
Најголемиот тендер што „Супертрејд“ го добил годинава е 1,295 милиони евра, лани најголемата набавка што ја добил е 367.240 евра, а во 2016 година најголемиот тендер што го добила компанијата бил 328.210 евра. Во 2015 година најголемиот тендер бил нешто над половина милион евра и тој го добил од „Македонијапат“ –државната фирма од која ги добил и најголемите два тендери.
Табеларен преглед на резултати на истражувањето според критериуми:
-тендер со вредност од најмалку 20.000 евра
- изземени тендери за авионско гориво и природен гас
-изземен најголемиот тендер годинава кој е дестпати поголем од вториот најголем тендер годинава се прикажани во следната табела:
Со цел објективно информирање на јавноста редакцијата на „Фактор“ ги достави следниве прашања на Владимир Стајиќ сопственикот на „Супетрејд“ и побара одговори до вчера (четврток 1 ноември). Затоа што не добивме одговори јавно ги објавуваме поставените прашања:
-Дали се веродостојни податоците од јавната база податоци достапна на агрегаторот time.mk?
-На какви ангажмани на менаџментот се должи резултатот што го постигнал „Супертрејд“ со добиените договори за набавка на државни органи и фирми?
- Во истиот период лани (1.1.2017-30.10.2017 г.) компанијата добила тендери за снабдување вредни 1,4 милиони евра, а годинава за истиот период нивната вредност е 5,3 милиони евра. Која е суштинската разлика за овие резултати? Дали тоа се должи на промени во компанијата или на промени во деловното опкружување т.е. бизнис климата?
-Која е клучната причина заради која „Супертрејд“ има толку подобри резултати во добивање државни тендери годинава во споредба со лани?
- Од достапните податоци се гледа дека од најголемите 10 тендери (јавни набавки со најголема вредност) дури 5 сте ги добиле во текот на оваа календарска година, а дури 4 тендери од најголемите 5 тендери сте ги добиле во оваа година. Што е причина на овој спектакуларен резултат?
-Дали сте член на најголемата политичка партија која е на власт?
-Дали имате некоја функција во најголемата политичка партија што е на власт?
-Дали управителот на „Супертрејд“ е во роднински врски со г-дин Митко Андреевски, советник на енергетика на г-дин Зоран Заев, ПВРМ?
-Дали поднесовте тужба до Управниот суд на Решението на Државната комисија за жалби по јавни набавки за одбивањето на жалбата и поништувањето на тендерот за набавка на дизел гориво за потребите на ЈСП Скопје и кој е вашиот став за поништувањето на тој тендер?
Доколку добиеме одговори од „Супертрејд“ ќе ги објaвиме во целост.
„Супертрејд“ е компанија која увезува нафтени деривати и нафта и постои и опстојува дваесетина години на македонскиот пазар. Според официјалните податоци од рангирањето за најголеми 100 компании во Македонија „Супертрејд“ лани има вкупен приход од 70,27 милиони евра и е рангиран на 30 место позади „Макпетрол“ и „Лукоил“. Во најголемите 100 компании се и другите 4 компании на ранг листата 100 најголеми македонски компании.
Александар Кузмановски
Фото: плусинфо
Можеби ќе ве интересира
(ВИДЕО) СЕ ИЗЛЕА МАРКОВА РЕКА: Поплави има во Батинци

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Лице од обезбедувањето на Мицкоски заврши во притвор

АМЕРИКАНСКА АМБАСАДА ВО СКОПЈЕ: Носителите на визи да ги следат американските закони и правила

ЗА АЛБАНСКИТЕ ГРАЃАНИ КОИ ПАТУВААТ КОН МАКЕДОНИЈА: „Зелениот картон“ чини само 50 евра

НАЈГОЛЕМ ДЕЛ ЌЕ БИДАТ ЗА СКОПЈЕ: Владата ќе набави 120 еколошки автобуси

ГЕВГЕЛИЧАНЕЦ САКАЛ ДА ПРОФИТИРА: Лажел дека е роднина на повредено лице oд Кочани

РАСПИТИ, АНАЛИЗИ И ВЕШТАЧЕЊА ОД ГОЛЕМ ОБЕМ ЗА СТРАОТНИОТ ПОЖАР ВО КОЧАНИ - обвинителите работат, ама тоа мора да е тајна за да не се компромитираат доказите

ПЕТРУШЕВСКИ ГО ВОЗВРАЌА УДАРОТ: „Синдикалецот на батерии Трендафилов, за 14 месеци инкасирал 1.688.000 денари! Ова не е априлилили!„

ИНА МНОГУ ФИНА НИ ЈА ПЛЕСНА ВИСТИНАТА ВО ЛИЦЕ: „Црева? Тие во црвената кутија тука кај лифтот? Ги продаде Баже“
