„Дојран гурман фест“- почна фестивалот на традиционална локална храна
Објавено во: Мои пари 26 Мај, 2013
Со фестивалот на традиционална локална храна „Дојран гурман фест“, денеска започнува Дојранското лето 2013. Манифестацијата ја организира Туристичкото биро со поддршка од општината, а ќе се одржи во паркот во Нов Дојран и ќе биде фестивал на традиционална храна од дојранското поднебје.
За дојранските специјалитетети ќе се активираат сите здруженија на жени кои ќе приготвуваат крап, перкија, белвица и сом, кои помладите од Дојран никогаш не ги вкусиле или пак ги имаат заборавено, но исто така нема да изостанат и вкусните пекарските производи за искуството да биде целосно.
Надлежните најавија дека општина Дојран и понатаму традиционално и со голема гордост ќе организира ваквите настани за промоција на регионот иразвој на туризмот.