Дојран ќе ги категоризира приватните издавачи на легла
Објавено во: Мои пари 30 Април, 2013 13:23
Градоначалникот на Дојран, Борче Стамов денеска одржа информативна средба со приватните издавачи на легла заради нивно запознавање со новиот систем за категоризација кој прв пат ќе се воведе годинава.
Туристичкото биро, информира Стамов, ќе има точен и прецизен увид на приливот на туристите во текот на летниот период со цел на туристите да им се обезбеди пријатен претстој во Дојран.
- Истовремено ниту еден од издавачите кои се пријавиле во бирото со соодветни документи не смее да остане празен,рече Стамов кој нагласи дека токму поради тоа приватните издавачи на легла туристичкото биро треба да го прифатат како пријател кој ќе им помогне.
Присутните беа запознаени со документите кои треба да ги поседуваат, како и со договорите кои мора да ги направат со туристичкото биро за да можат да издаваат легла без да бидат подложни на санкции кои ќе се применуваат согласно законот кон дивите издавачи.
- Постапката ќе се одвива во три чекори, а завршува со склучен договор.Издавачите на легла ќе мора објектот да го обележат со информативна табла и други знаци што ќе им ги наложи комисијата за категоризација.Со тоа ќе им овозможат на туристичките инспектори лесно да ја утврдуваат фактичката состојба и да преземаат санкции кон сите што ќе ги злоупотребат правилата,рече раководителот на туристичкото биро,Перо Митаноски и додаде дека средствата од туристите ќе се употребат за подобрување на квалитетот и условите за живеење во општина Дојран.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Пакомак најави отворање на нов погон за секундарно селектирање на отпадот, каков што нема никаде на Балканот
Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“
Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“
ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ
Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?
Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели
Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни
АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј





