Доколку има потреба ќе се воведе полициски час, вели Заев
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 03 Ноември, 2020
Полицискиот час не дава резултати, но доколку има потреба ќе се воведе, изјави премиерот Зоран Заев во Дневникот на Сител.
Вели дека засега не планираат да го вратат полицискиот час.
„Буквално, најголем дел од вирусот се шири од групирање и неносењето на маски. Но, препораката кои денеска ја дадовме е сериозна препорака. Гледам, и граѓаните до 95 отсто носат маски и се држат до резултатите“, рече Заев.
Вели дека стравот најмногу влијае на почитувањето мерки.
Заев изјави дека Македонија се однесува просечно како што се однесуваат европските и земјите од регионот.
Работењето на угостителските објекти се ограничува до 21 часот.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.