26 Ноември, 2024
0.0288

ДОКТОРИ И МЕДИЦИНСКИ СЕСТРИ НА ХИРУРГИЈА ОТВОРААТ ВРАТА САМО АКО УМИРА НЕКОЈ: На младата Александра не и укажале помош зошто имала само повреден прст

Објавено во: Македонија 16 Јули, 2024

Добивај вести на Viber

31-годишната Александра Алексиеска која вчера имала повреда на прстот побарала медицинска помош, но од медицинските сетри и лекарот добила само вербални напади. „Е НЕМА ДА ТИ ПОМОГНЕМЕ“, ги објави зборовите на лекарот Александра, но и детално го раскажа непријатното искуство.

Со многу љубов кон вистината и правдата ќе ви споделам едно непријатно искуство што го имав вчера, нормално, со цел за нештата да се придвижат кон подобро.

Вака ќе почнам.

За да бидеш доктор мора да имаш нешто љубов, нешто срце и нешто душа.

Не си доктор само со диплома.

Знаеле древните, како Хипократ за тоа нешто, затоа сеуште во негово име се даваат заклетви.

Вчера јас: Александра Алексиеска имав инцидент со прстот, врз него се затвори врата од багажник на кола. Од болка едвај останав при себе. Другарките што беа до мене, ме однесоа на брза помош, а од брза помош ме пратија со упат на хирургија.

На хирургија немаше ни шалтер ни жив човек. Имаше само едни големи сиви врати што потсеќаа ко врати за затвор а не за болница и едно ѕвонче. Заѕвонивме на ѕвончето еднаш, чекаме, нема никој…. Двапати…. Нема никој…чекаме.. трипати… нема никој, во силна болка, со голем оток и очигледен деформитет на прстот се молам некој да отвори. Поминува време, а почнувам и да се сомневам дали воопшто сме на право место, нема ни повидок од пружена помош. На четвртиот пат излегува медицинска сестра, со изиритиран поглед и згрчена вилица, наполнета со ароганција и го кажува ова

“ Умира некој? Има некој крв од глава да му тече, нормални сте вие што ѕвоните толку пати? Така се звони само кога некој умира" (агресивно го нагласува тоа неколку пати)

Невкусно, ниско и невоспитано. За убав човек мајка и татко те учат, ама ете, некои ко да не се дојдени од мајка.

Јас и враќам

"Ве молам, имам силна болка се повредив.. и објаснувам како.. ме пратија кај вас". Воопшто не сака да слуша, добивам само едно дрско "Влези внатре" Другарките ги бркаат надвор, не ги оставаат ни во ходник.


Влегувам внатре. Се појавува докторот(ми доаѓа за момент душа на место и мисла "конечно ќе ми помогне некој)А докторот, (кој подоцна ќе биде именуван)- со најгрд, обездушен тон ми вика “Што е работата? Кај гори? Дали умира некој па да ѕвоните толку пати”

Му велам

Моментално имам голема болка во прстот, се шири низ целата рака. Ми треба помош.

Како одговор добивам " И за еден прст звоните толку пати, како не ви е срам"

Стои на дистанца и воопшто не погледнува во повредата.

Се обидував да бидам трепелива и покрај целата болка, уште продолжуваше да се зборува за тоа кој и зошто звонел толку пати, а не зошто не ни отвориле побрзо.

Едвај собирав сила да зборувам, со благ тон им велам:

"Не би звонела ако немав мака, а ако не треба да се звони четири пати и да се чека толку време пред врата, зошто тогаш не отворите од прв пат?"

Толку многу ги повреди тоа прашање, што сите заедно вербално почнаа да ме напаѓаат. И докторот и сестрите. Дел од тие пискотници и некултура ќе напишам тука.

"Ние за твојот прст треба на врата да седиме? Да чекаме да звониш и одма да трчаме да ти отвориме. Што се замислуваш ти? Како се осмелуваш да прашаш зошто не сме отвориле побрзо?" Коментарите продолжуваа, само знам дека почна сериозно да ми се заматува во главата, не можев веќе ни да ги следам што зборуваат.

Добив шок, кој сега беше измешан со физичка и душевна болка. Одам да барам помош, добивам напади и навреди.

Очајна од болка со тивок глас му се обраќам на дотичниот доктор.

"Не можам веќе, ќе ми помогнете или не?"

Добивам за возврат едно ужасно, дрско и гласно

"Е НЕМА ДА ТИ ПОМОГНЕМЕ "

Тука физичката болка веќе престанав да ја чувствувам, надвладеа таа другата. Станав и тргнав да си одам, не знаев од паника како да ја отворам вратата, слушнав само "стисни на белото копче"

Ми помогнаа да си одам.

"Е НЕМА ДА ТИ ПОМОГНЕМЕ" ми одзвонуваше во главата

Тоа е дело што подлежи на законски акт. Не треба доктор да се моли за помош, тоа е должност и обврска.

Дали се работи за глава или за прст, болка е болка, а должноста треба да се знае.

Паднавте голем тест луѓе, многу ми е жал.

Пред титулата "доктор" треба да стои титула- ЧОВЕЧНОСТ.

И нема земски, ама има космички закони. Многу, многу посилни.

Кога веќе срцето ви е толку затворено и несочуствително, барем од божјите закони би требало да се плашите.

ФОТО: ФБ

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

БУЈАР ОСМАНИ ТРЕНИРА РОБОТСКА ХИРУРГИЈА ЗА ТРЕТМАН НА РАКОТ - поранешниот министер се пофали од Осло

БУЈАР ОСМАНИ ТРЕНИРА РОБОТСКА ХИРУРГИЈА ЗА ТРЕТМАН НА РАКОТ - поранешниот министер се пофали од Осло

Лукаревска: „Фудбалчето“ на ДУИ ни се удри од глава

Лукаревска: „Фудбалчето“ на ДУИ ни се удри од глава

(ВИДЕО) БЕБЕТО ПЕТАР ГО ДОНЕСЕ НА СВЕТ НАЈВОЗРАСНАТА ПРВОРОТКА ВО ЗЕМЈАВА: „Медицината поместува граници“

(ВИДЕО) БЕБЕТО ПЕТАР ГО ДОНЕСЕ НА СВЕТ НАЈВОЗРАСНАТА ПРВОРОТКА ВО ЗЕМЈАВА: „Медицината поместува граници“

ДАНЕЛА НЕМА ДА СЕ КАНДИДИРА ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЧКА НА СЛЕДНИТЕ ИЗБОРИ: Еве што рече таа во изјава за медиумите

ДАНЕЛА НЕМА ДА СЕ КАНДИДИРА ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЧКА НА СЛЕДНИТЕ ИЗБОРИ: Еве што рече таа во изјава за медиумите

ЦИГАРИ, НАКИТ, ОБЛЕКА, ПАРФЕМИ - Цариниците со полни раце работа, спречен и шверц на мигранти

ЦИГАРИ, НАКИТ, ОБЛЕКА, ПАРФЕМИ - Цариниците со полни раце работа, спречен и шверц на мигранти

Крмов со објаснување: Му го навредија семејството на Апасиев, ова е втор инцидент со пратеници на ВМРО-ДПМНЕ

Крмов со објаснување: Му го навредија семејството на Апасиев, ова е втор инцидент со пратеници на ВМРО-ДПМНЕ

ПОСМРТНИТЕ ОСТАНКИ НА МИТРОПОЛИТОТ ТИМОТЕЈ ЌЕ БИДАТ ИЗЛОЖЕНИ ВО ХРАМОТ НА ПЛАОШНИК ДО КРАЈОТ НА ВЕЧЕРНАТА СЛУЖБА: Верниците се простуваат од Владиката

ПОСМРТНИТЕ ОСТАНКИ НА МИТРОПОЛИТОТ ТИМОТЕЈ ЌЕ БИДАТ ИЗЛОЖЕНИ ВО ХРАМОТ НА ПЛАОШНИК ДО КРАЈОТ НА ВЕЧЕРНАТА СЛУЖБА: Верниците се простуваат од Владиката

МОНИКА ЗАЈКОВА КАКО ДА ГО ВПЕРУВА ПРСТОТ КОН МИЛЕВСКИ: Не сакам да верувам дека стои зад иницијативата за моја смена, но ако свесно го прави, тоа е работа на МНР

МОНИКА ЗАЈКОВА КАКО ДА ГО ВПЕРУВА ПРСТОТ КОН МИЛЕВСКИ: Не сакам да верувам дека стои зад иницијативата за моја смена, но ако свесно го прави, тоа е работа на МНР

Најстарата мајка се породи во Македонија во Клиниката за гинекологија во Скопје

Најстарата мајка се породи во Македонија во Клиниката за гинекологија во Скопје