Доктори со температура, сестри во изолација, болнички кревети при крај: Велешката болница со последни сили прима пациенти
Објавено во: Македонија 02 Ноември, 2020 12:23
Во болниците во земјава веќе има 721 хоспитализирани пациенти болни од корона вирусот, а според здравствените власти, здравствениот систем засега добро се справува со актуелната состојба, иако според последната изјава на претседателот на Комисијата за заразни болести, д-р. Жарко Караџовски, болничките капацитети се програмирани до најмногу 1.000 пациенти. Во моментов, во исклучително тешка состојба е Опшатата болница во Велес, каде на одделението за инфективни болести има 55 пациенти, а на интерното се хоспитализирани 5.
-Секој ден е голема борба. Во моментов имаме двајца лекари со температура, а дел од сестрите се во изолација поради тоа што нивни блиски од семејствата им се позитивни на вирусот. Болничките кревети се полнат многу брзо. Утринава имавме состанок, да видиме што понатаму. максималниот капацитет е до 80 пациенти, но не повеќе. Секодневно сме со некакви реорганизации, ротации, но до кога ќе издржиме, навистина не знам што да кажам. А, тоа што загрижува е што дури 15 до 20 отсто од пациентите кои се позитивни се со тешка клиничка слика и им е потребна хоспитализација, вели за Фатор, д-р. Весна Николовска Неделкова од болницата од Велес.
Инаку, до вчера на Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 11 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 161 пациенти. На кислородна поддршка се 123 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација. Во болницата во Козле хоспитализирани се 8 позитивни и 4 суспектни деца на Ковид-19 и 26 возрасни пациенти, позитивни на вирусот. Во ГОБ „8 Септември“ има 5 приеми, а вкупно хоспитализирани се 79 пациенти. На респиратор се 2 пациенти. Во болницата во Битола се хоспитализирани 59, а во болницата во Штип се 48 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица, Струга, Кочани, Гевгелија, Дебар, Кичево и Кавадарци се хоспитализирани 336 позитивни и сомнителни на Ковид-19.
Министерот Венко Филипче, пак, за ТВ Сител изјави дека ниту еден пациент кој ќе побара лекарска помош нема да биде вратен од болничките установи.
-Станува збор за тоа на што најмногу се посветуваме, капацитетите на болниците. Со која динамика се исполнуваат болничките капацитети, дали може да се постигне лекарите, медицинските сестри коишто даваат здравствена услуга во скопските клиники болници и во болниците во државата. Тоа е нешто што ние го следиме со која динамика се исполнува. Има сосем доволен број на кревети, ние нема да дозволиме да се случи пациент да не може да биде примен во болница заради тоа што нема кревет. Тоа е едно сценарио коешто го разработувавме сите овие изминати месеци. Огромен број на кревети неколку пати повеќе од тие кои се сега на располагање ширум државата во болниците со заземање на други одделенија освен инфективните се на располагање. Меѓутоа не е целта целосно да се исполнат, рече Филипче, додавајќи дека мерките се применуваат токму од тие причини.
Анита Буховски
Можеби ќе ве интересира
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот
ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми
УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата
МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење
СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема
УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето
Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје
Обвинение за упадот во „Инфомкас“, напаѓачот бил пресметлив
Левица: Ќе доставиме докази против Томовски во Антикорупциска




