Добивај вести на Viber
Kако последица од коронавирус, почина хирургот, д-р Драган Тасевски од болницата во Куманово.
На социјалните мрежи веќе се простуваат од него оние кои го познаваат и негови колеги од болницата со кои соработувале. Доктор Тасевски битката со опасниот вирус ја загуби на 60-годишна возраст.
„Од "неопасниот" вирус, јас би рекла од најнепредвидливиот вирус, вчера изгубивме колега од Кумановската болница, хирургот Д-Р Драган Тасевски. Нека му е лесна земјата, а со свои 60 години не беше за во земја...Колку се е релативно, денес сме тука, утре не сме. Вирусот е дефинитивно руски рулет. Нека почива во мир, тажно, навистина тажно....веројатно јас како паталец поинаку го доживувам вирусот...“, напиша докторката Гордана Николиќ од кумановската болница.