Доларот го ограничи своето опаѓање во однос на еврото
Објавено во: Анализа
11 Декември, 2013 10:11
Добивај вести на Viber
Еврото остана стабилно во однос на доларот во текот на претходниот ден. Мешаните економски податоци објавени во текот на вчерашниот ден во еврозоната не ја засегнаа значително заедничката валута. И британската фунта во текот на вчерашниот ден успеа да се задржи во близина на највисоко ниво во последните 27 месеци во однос на доларот.
Цените на американските акции опаднале во текот на вчерашниот ден така што S&P500 индексот се спуштил од рекордно високата вредност.
Цената на златото продолжила да се движи во близина на највисокото ниво во последните три недели откако инвеститорите веруваат дена на претстоjниот состанок на Фед, кој ќе биде одржан на 17-18 декември, нема да биде одлучено да се намали програмот на монетарното стимулирање.
Цената на суровата нафта се задржа во близина на највисокото ниво во последните седум недели откако и вчерашниот извештај од Американскиот институт покажа пад на залихите повеќе од прогнозираните.
Целата анализа прочитајте ја на следниот
линк
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот
КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот
СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени
СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени