05 Декември, 2025
0.0315

Доларот поскапува во очекување на ограничувањето на монетарното стимулирање

Објавено во: Анализа 03 Декември, 2013 10:05

Добивај вести на Viber

Еврото продолжи да се движи во близина на најниското ниво во последните пет дена во однос на доларот. И покрај релативно добрите економски податоци кои беа објавени во текот на вчерашниот ден во евро зоната, валутниот пар ЕУР / УСД не успеа да постигне раст кој се должи на зајакнувањето на доларот. И британската фунта опадна во однос на доларот во текот на претходниот ден но сепак успеа да се задржи во близина на највисокото ниво во изминативе 27 месеци. Цените на американските акции паднале во текот на вчерашниот ден поради загриженоста дека малопродажбата во текот на празничните продажби можеби нема да ги исполни очекувањата. Добрите резултати за фабричкото производство во текот на ноември ја зголемиле веројатноста дека наскоро ќе дојде до намалување на програмата за монетарно стимулирање во Америка што го зајакнал доларот и негативно се одразил на цената на златото. На цената на нафтата позитивно влијаеше избештајот кој покажа раст на произвотството во Кина и Америка. Целата анализа прочитајте ја на следниот линк

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот

КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот

СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени

СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени