Доларот продолжува да поевтинува пред очекуваните податоци за денес
Објавено во: Анализа
27 Ноември, 2013 10:12
Добивај вести на Viber
Полоши од очекуваните податоци за потрошувачата клима во Америка го ослабија доларот и ја зголемија веројатноста дека федералните резерви ќе продолжат со програмата на монетарно олеснување која имаше позитивен ефект врз валутниот пар EUR/USD.
И британската фунта продолжи да се зголемува во однос на доларот и повторно се приближи на највисоко ниво во последните десет месеци откако во текот на вчерашниот ден беше објавено дека потрошувачката клима во Америка не ги исполни очекувањата.
Цените на американските акции вчерашниот ден го затвориле скоро непроменети откако биле објавени разочарувачки податоци за потрошувачката клима во Америка.
Цената на златото малку се опоравила во текот на азиското тргување по вчерашниот пад, поддржана од очекувањата за раст на побарувачката како резултат на престојните празници.
Цената на суровата нафта продолжи да паѓа откако вчерашниот извештај повторно покажа раст на залихите во Америка.
Целата анализа прочитајте ја на следниот
линк
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот
КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот
СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени
СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени