Доларот зајакна во однос на еврото
Објавено во: Свет 31 Март, 2015 07:17
Доларот утрово зајакна во однос на јенот и еврото откако претседателката на американската централна банка (ФЕД) Џенет Јелен уште еднаш нагласи дека таа институција наверојатно ќе почне со зголемување на каматните стапки постепено кон крајот на оваа година. Доларот зајакна 0,1 процент на 113,24 јени. Доларот падна повеќе од 2,0 проценти од осумгодишниот максимум од 122,04 јени, кој е забележан во почетокот на месецот.
Еврото падна 0,2 проценти на 1,0873 долари, а во претходните две недели успеал да се извлече од 12-годишниот минимум од 1,0457 долари.
Во говорот кој претседателката на ФЕД го одржа во петокот, наглсаено е дека каматните стапки ќе бидат зголемени постепено. Исто така изјавила дека не е сигурна во кој правец ќе се движи рестриктивната монетарна политика и дека тоа зависи од моменталниот и иден развој на економијата.
Разминувањето во монетарната политика помеѓу ФЕД и остатокот од развиениот свет укажува на поддршка на јакнењето на американската валута. Следниот важен настан за доларот е извештајот за вработување во САД кој излегува во петокот.
Австралискиот долар ослабнал 0,3 проценти на 0,7729 американските долари и се приближува на шестгодишниот минимум од 0,7561 американските долари, кој е забележан во почетокот на март.
Можеби ќе ве интересира
Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“
САД даваат безбедносни гаранции за Украина, но нема договор за територијални отстапки
Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?
(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави
(ВИДЕО) Украина тврди дека со подводни дронови погодила руска подморница
Мерц го спореди Путин со Хитлер: „Тој нема да застане“
Терористот од Сиднеј бил член на српски ловечки клуб: „Не сум го видел повеќе години...“




