Долгите говори или загадениот воздух кобни за грлата на Груевски и Заев?
Објавено во: Македонија 24 Ноември, 2016 19:37
Четврт ден изборна кампања. Митингувања, ветувања, обвинувања ...
Ова се дел од нештата кои деновиве ја окупираат јавноста.
Вечерва лидерот на ВМРО-ДПМНЕ им се обраќа на поддржувачите од општина Аеродром. Тој пред Аеродромци повторно зборуваше за наводната федерализација која ја подготвувал Заев, на што опозицискиот лидер пак возвраќа дека федерализацијата е само во главата на Груевски.
За во 20 часот владеачката партија има закажано митинг во општина Карпош, но со оглед на фактот дека митингот во Аеродром уште трае, истиот ќе доцни.
Опозицијата пак денеска во 17 и 30 часот имаше митинг во Гостивар, додека во секој момент се очекува да започне централниот митинг во Тетово.
Она што го забележа јавноста па и ние е честото прокашлување на екс премиерот на досегашните митинзи за време на говорите.
Вчера пак во Струга опозицискиот лидер сам си кажа дека гласот му е фатен а можевме и да слушнеме за време на неговото обраќање.
Дали можеби загадениот воздух им пречи и ги гуши лидерите, како што ги гуши и граѓаните?
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки




