16 Декември, 2025
0.0271

Долгот на Грција и натаму расте!

Објавено во: Балкан 23 Јануари, 2014 12:51

Добивај вести на Viber

Грција е најзадолжената земја во Европската унија, покажаа податоците на европската статистичка агенција Евростат. Во третото тримесечје на 2013-та година државниот долг на Грција достигнал до 317,3 милијарди евра, што е 173,4 отсто од БДП на земјата. Она што особено загрижува е што во тој период долгот се зголемил за 17 милијарди евра, или за 5,7% во однос на истиот период во 2012-та. Меѓу најзадолжените во ЕУ се и Италија, каде што јавниот долг достигнал 132,9 отсто од БДП, Португалија со 128,7 отсто и Ирска со 124,8 отсто од БДП. Лимитот на јавниот долг на ЕУ изнесува 60 отсто од вредноста на БДП, но многу членки на Унијата го надминуваат. Сепак, вкупниот долг на 17-те земји кои ја сочинуваат еврозоната изнесувал 92,7 отсто од нивниот бруто домашен производ (БДП), што претставува намалување во однос на 93,4 отсто колку што изнесуваше во претходното тримесечје, наведува Евростат.

Можеби ќе ве интересира

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени

Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени

Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството

Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството