ДОЛГОВИТЕ ЌЕ ГИ ВРАЌААТ И НИВНИТЕ ДЕЦА: Ова е најзадолжената земја во ЕУ
Објавено во: Економија, Корона Вирус 28 Декември, 2020
Во време на пандемија, Хрватска е најзадолжена држава од новите членки на ЕУ.
Кризата со коронавирусот ја доведе земјата на самиот раб на презадолженост, а долговите направени во текот на пандемијата, ќе ги отплаќаат и генерациите кои доаѓаат. Ова е заклучокот кој може да се извлече од достапните податоци за состојбата на долгот на државата, како и за надворешниот долг на земјата, пишува хрватски Индекс. Според последните проценки на Евростат долгот на секторите на државата, во кој, освен државата, влегуваат и локалните власти и вонбуџетските фондови, на крајот на јуни достигнал вредност од 85,3 отсто од бруто домашниот производ (БДП). Очекувањата на аналитичарите на Рајфајзен банката покажуваат дека Хрватска крајот на 2020 година би требало да го дочека со јавен долг во висина од 87,1 отсто од БДП.
Во светот пак многу земји влегоа во рецесија, а сега се оправуваат. Кинеската економија релативно добро се справи со пандемијата.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.