20 Декември, 2025
0.0362

ДОЛЖИНА НА РАБОТЕН ВЕК: Зошто Македонците се далеку од просекот на ЕУ?

Објавено во: Економија 17 Јуни, 2020 06:48

Добивај вести на Viber

Македонците имаат за неколку години пократок работен век од граѓаните на Европската Унија, но и од оние во регионот.

Македонецот во просек работи 9 години помалку од данскиот работник, или 10 до 11 години помалку од работниците во Шведска и Холандија.

Меѓу земјите членки на ЕУ, Шведска и Холандија имаа најдолго траење на работниот век (42 и 41 години во 2019 година). Нив ги следат Данска (40 години), Германија (39,1 година) и Естонија (39 години).

Во Македонија, работниот век е 31.7 години, покажуваат податоците на Евростат.

Зоран Кочоски од Агенцијата Коузон вели дека два фактори доведуваат до тоа македонските работници да работат пократко. Прво е периодот на вработувањето, и втор фактор е пензионирањето.

„Во Европа по дипломирањето, во рок од 3 до 6 месеци, младите наоѓаат работа и не чекаат долго до првото вработување. Во повеќето земји во Западна Европа, младите мораат да одат и на стручна пракса, која им се смета како стаж. Старосната граница за пензионирање во многу земји од ЕУ е 67 години. Во Македонија пак се чека подолго за вработување, така што првата работа младите ја наоѓаат во период од 24 до 31 година“, објаснува Кочоски.

Времетраењето на работниот век е во пораст во Европската Унија.

Во 2019 година, очекуваното просечно времетраење на работниот век на возрасната популација на Европската унија (ЕУ) на возраст од 15 години и повеќе беше 35,9 години, објави Евростат.

Мажите работеле 7,1 години подолго од жените во 2000 година, но до 2019 година родовиот јаз се намали на 4,9 години.

Спротивно на тоа, најкраткото очекувано траење на работниот век е забележано во Италија (32 години), а зад нив е Хрватска (32,5 години), Грција (33,2 години), Белгија и Полска (и 33,6 години).

Највисок пораст на времетраењето на работниот век е забележан на Малта, а најмал пораст има во Данска, додека намалување има во Романија.

Во Србија работниот век е 33.4, во Бугарија  34 години, а во Црна Гора 32.7 години.

Полошо од Македонците, котираат Турците кои имаат работен век од 29.3 години.

Сања Атанасовска

Можеби ќе ве интересира

Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?

Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба