19 Декември, 2025
0.0469

ДОМ бара помош за граѓаните во обезбедување на енергетска ефикасност

Објавено во: Мои пари 02 Февруари, 2014 14:00

Добивај вести на Viber

ДОМ, како зелена партија, фокусирана на одржливиот развој, ја охрабрува Владата да ги интензивира активностите во енергетската ефикасност.  Свесни за слабата економска моќ на населението како главна пречка за да преземат сопствена иницијатива за обновување и изолација на своите домови, од ДОМ предлагаат редица мерки, применети и во други земји. Бараат Владата да обезбеди субвенции за физички и правни лица за постигнување енергетска ефикасност, постапката за издавање енергетски пасош да биде евтина и достапна за сите, а вкупните трошоци да не бидат повеќе од 20 отсто од минималната плата во Република Македонија, Агенцијата за енергетика во најкус рок да избере фирми што ќе вршат обуки за енергетски контролори и  Владата преку надлежните институции да започне процес на обука и воведување образовна програма за градежни работници специјализирани за градба на енергетски ефикасни објекти или изолација на веќе постоечки објекти – со цел да се зголеми конкуренцијата на пазарот, а цените на градежните активности да се намалат, но воедно да се обезбеди и долгорочна одржливост во квалитетот на градбите, нивно санирање по извесен временски рок итн. Меѓу мерките се и Владата на деловните субјекти да им овозможи пристап, со специјално подготвена програма, до евтини кредити со ниска каматна стапка, локалните власти да преземат активности  за реставрација или реновирање на стари згради од јавен карактер  како училишта, амбуланти, болници, градинки, спортски сали, административни згради, потоа локалните власти да подготват програми за субвенционирање на социјално загрозените семејства за обнова и изолација на нивните домови,  да се намалат цените на потребниот градежен материјал и елементи за зголемување на енергетската ефикасност, а во Правилникот за Енергетски карактеристики на зградите да се постави временска рамка, со која ќе се определи точниот рок од кога ќе започне неговото стриктно применување. ДОМ верува дека со преземењето на овие мерки ќе се забрза процесот на добивање енергетски пасош на секој приватен и јавен објект што ќе доведе до намалување на потрошувачката на енергија кај физичките и правните лица, што значи ќе се намалат драстично сметките за струја, а истовремено ќе се намали загадувањето од греење со несоодветни евтини горива. На државно ниво, сметаат, ќе се намали потребата од увоз на електрична енергија и ќе се забрза процесот на отворање нови зелени работни места.

Можеби ќе ве интересира

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии