25 Декември, 2024
0.0744

ДОМА е поубаво со новиот „Магнолија парк“ – донирани 80 зрели садници во градскиот парк

Објавено во: Мои пари 24 Декември, 2024

Добивај вести на Viber

Стопанска банка го круниса својот 80. јубилеј со донација на 80 зрели садници од видот Magnolia Grandiflora и заедно со претставници од Град Скопје отвори нов „Магнолија парк“ во рамки на Градскиот парк во Скопје.

Високите садници и патеките кои се изградени низ новиот парк ќе бидат вистинско уживање за сите посетители, но во исто време ќе бидат од големо значење за животната средина – преку чистиот воздух, храната за поленаторите, како и новиот дом за останатиот животински свет кој гравитира во паркот.

Стопанска банка преку проектот #ЗеленЅид веќе две години засадува зимзелени и листопадни садници на повеќе локации во градот со пролетна и есенска акција и притоа создава подобра зелена иднина за сите.

Дел од промоцијата на новиот парк беа сегашните и пензионираните вработени на Банката, кои добија благодарност за својот придонес во работата, но и посвета и можност да го засадат дрвото посветено ним и на сите идни вработени кои ќе растат заедно со Стопанска банка во годините што доаѓаат. Присутните заклучија дека ДОМА е поубаво со новиот „Магнолија парк“ и дека ќе се грижат за своите дрвја, што за Банката претставува поттик за понатамошни партнерски соработки со јавните институции во полза на граѓаните и заедницата.

Голема благодарност до Град Скопје кои се наши партнери во проектот #ЗеленЅид. Грижата за досега засадените 2.000 садници е на јавното претпријатие „Паркови и зеленило“, со кои се планира и гради градското зеленило, на нашите колеги кои учествуваат во секоја акција, но и на секој наш сограѓанин затоа што зеленилото е од заеднички интерес.

За донацијата:

Магнолија паркот се наоѓа на почетокот на Градски парк, од влезот од бул. Илинден покрај ЗОО Скопје. Се протега на површина од 2.000м2 и се состои од две пешачки патеки и 80 х 6-годишни стебла од видот Magnolia Grandiflora. Изборот на дрвјата, чиј симбол се впечатливите розови цветови, е направен бидејќи наликува на корпоративните бои на Стопанска банка,но и за да создаде атрактивна нова содржина во градот која со секоја измината година ќе биде сѐ поубава и побогата.

Стеблата претходно беа контролирани од Факултет за земјоделски науки и храна - Скопје при УКИМ во Скопје и Факултетот за шумарски науки, пејзажна архитектура и eкоинженеринг „Ханс Ем“, вклучително и почвата каде што се засадени, со препораки за прихрана. Во следните денови ќе биде поставена и водоводна мрежа за постојано наводнување по принципот капка-по-капка за одржливост на садниците на долг рок.

Изведбата на паркот и засадувањето на дрвјата беше реализирана од ЈП Паркови и зеленило и ЈП Улици и патишта.


ПР објава

Можеби ќе ве интересира

НЛБ Банка ги замени корпоративните подароци со донација на храна за лицата во висок социјален ризик

НЛБ Банка ги замени корпоративните подароци со донација на храна за лицата во висок социјален ризик

Што претставува финансиска писменост?

Што претставува финансиска писменост?

Fashion Group: За љубовта, овие празници да биде двојно поголема!

Fashion Group: За љубовта, овие празници да биде двојно поголема!

Партнерски однос за економски развој: Стопанската комора и Фискалниот совет потпишаа договор за соработка

Партнерски однос за економски развој: Стопанската комора и Фискалниот совет потпишаа договор за соработка

МАКЕДОНСКИТЕ МАЛИ И СРЕДНИ ПРЕТПРИЈАТИЈА ВЛЕГУВААТ СО УМЕРЕН ОПТИМИЗАМ ВО 2025

МАКЕДОНСКИТЕ МАЛИ И СРЕДНИ ПРЕТПРИЈАТИЈА ВЛЕГУВААТ СО УМЕРЕН ОПТИМИЗАМ ВО 2025

„Астра казино“ дел од празничната донаторска акција на Здружението на граѓани „Линк“

„Астра казино“ дел од празничната донаторска акција на Здружението на граѓани „Линк“

Новогодишна музичка претстава за деца „Трите самовили го бараат Дедо Мраз“ во „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“

Новогодишна музичка претстава за деца „Трите самовили го бараат Дедо Мраз“ во „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“

Квалитетот и традицијата спој кој трае повеќе од 101 година: Интервју со Анита Чакарова, Директор за контрола, квалитет и безбедност на храна во ПИ „Кристал 1923“

Квалитетот и традицијата спој кој трае повеќе од 101 година: Интервју со Анита Чакарова, Директор за контрола, квалитет и безбедност на храна во ПИ „Кристал 1923“

Храбри и прекрасни: Модна ревија на ЕЛЕНА ЛУКА посветена на жените кои се борат или се избориле со ракот

Храбри и прекрасни: Модна ревија на ЕЛЕНА ЛУКА посветена на жените кои се борат или се избориле со ракот