Добивај вести на Viber
Независниот синдикат на Полицијата бара предвремено пензионирање на полициските службеници, по барање на работникот, со навршени 25 години работен стаж.
„Активно следејќи ја состојбата и потребите на колегите, поднесовме предлог за можност за предвремено пензионирање на полициските службеници на барање на работникот со навршени 25 години активен стаж, а со намалување на ставката на пензија за 0,5 отсто годишно за секоја година.
Сметаме дека голем дел од колегите, особено оние кои секојдневно ги извршуваат задачите на терен имаат трајни последици од извршувањето на работните задачи и треба да се предвиди можност за заминување во пензија на оние колеги кои повеќе не се чувствуваат способни за извршување на работните задачи“, велат од синдикатот на својата објава на фејсбук.
Според нив, оваа мерка ќе придонесе за одредено проветрување во полицијата, намалување на бројката на уморни кадри и можност за нивна замена со млади колеги кои, како што велат, ќе донесат дополнителен елан, свежина и енергија во полицијата.