25 Декември, 2024
0.0256

НЛБ Банка ги замени корпоративните подароци со донација на храна за лицата во висок социјален ризик

„Свет полн со добрина е свет полн со можности“

Објавено во: Мои пари 24 Декември, 2024

Добивај вести на Viber

Празниците се време за споделување и дарување, среќа и радост за секого. Сепак, не сите можат да ја почувствуваат празничната магија и да си обезбедат достојна празнична трпеза. Токму затоа, во духот на хуманоста и солидарноста, НЛБ Банка ги замени традиционалните корпоративни подароци со значајна донација во храна за оние на кои таа им е најпотребна.

И годинава, Банката во соработка со Црвениот Крст на град Скопје обезбеди пакети со основни прехранбени производи кои ќе им бидат донирани на лица во висок социјален ризик. Дистрибуцијата на хуманитарните пакети со храна ќе  ја направат волонтерите на Црвениот крст, пришто директно ќе бидат опслужени 300 корисници и нивните семејства.

Празниците се време кога, повеќе од кога било треба да сочувствуваме и да споделуваме. Ние сме дел од оваа заедница и силно веруваме во важноста од солидарност, хуманост и помагање. Среќни сме кога можеме да помогнеме и кога радоста на празниците можеме да ја поделиме со сите наши сограѓани. За нас, единствено, свет полн со добрина е свет полн со можностии затоа постојано создаваме можности за сите, оставајќи подобри траги за генерациите кои доаѓаат“- истакнуваат од НЛБ Банка.

Храната е основна човекова потреба, но и човеково право и таа треба да е дел од сечиј дом и секоја трпеза. Но и покрај тоа, сведоци сме на поразителни статистики за луѓе кои се наоѓаат во висок социјален ризик и немаат соодветен приход да ги задоволат своите основни потреби. Ова е особено забележително за време на празниците кога борбата за егзистенција преовладува над празничните желби и остава многу лица во неизвесност.

Празниците се период кога сите сакаме да подариме насмевка и добар збор. Кога сето тоа ќе се поврзе со перманентна поддршка за ранливите категории тогаш зборуваме за компанија што ги препознава потребите на заедницата и помага таму каде што е најпотребно. НЛБ Банка секоја година мисли на најранливите категории на граѓани и веќе неколку години, крајот на годината го завршува со донација на пакети со храна, лекови наменети за бездомни, стари и изнемоштени лица, како и семејства во социјален ризик. Благодарност до вработените и менаџментот на Банката за нивната хуманост и општестевна одговорност – изјавија од Црвениот Крст на Град Скопје.   

НЛБ Банка во соработка со Црвениот крст во контунитет реализира бројни донации за ранливи категории на граѓани, потврдувајќи ги своите заложби за поправедно и поинклузивно општество за сите. 

пр објава

Можеби ќе ве интересира

Што претставува финансиска писменост?

Што претставува финансиска писменост?

Fashion Group: За љубовта, овие празници да биде двојно поголема!

Fashion Group: За љубовта, овие празници да биде двојно поголема!

Партнерски однос за економски развој: Стопанската комора и Фискалниот совет потпишаа договор за соработка

Партнерски однос за економски развој: Стопанската комора и Фискалниот совет потпишаа договор за соработка

ДОМА е поубаво со новиот „Магнолија парк“ – донирани 80 зрели садници во градскиот парк

ДОМА е поубаво со новиот „Магнолија парк“ – донирани 80 зрели садници во градскиот парк

МАКЕДОНСКИТЕ МАЛИ И СРЕДНИ ПРЕТПРИЈАТИЈА ВЛЕГУВААТ СО УМЕРЕН ОПТИМИЗАМ ВО 2025

МАКЕДОНСКИТЕ МАЛИ И СРЕДНИ ПРЕТПРИЈАТИЈА ВЛЕГУВААТ СО УМЕРЕН ОПТИМИЗАМ ВО 2025

„Астра казино“ дел од празничната донаторска акција на Здружението на граѓани „Линк“

„Астра казино“ дел од празничната донаторска акција на Здружението на граѓани „Линк“

Новогодишна музичка претстава за деца „Трите самовили го бараат Дедо Мраз“ во „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“

Новогодишна музичка претстава за деца „Трите самовили го бараат Дедо Мраз“ во „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“

Квалитетот и традицијата спој кој трае повеќе од 101 година: Интервју со Анита Чакарова, Директор за контрола, квалитет и безбедност на храна во ПИ „Кристал 1923“

Квалитетот и традицијата спој кој трае повеќе од 101 година: Интервју со Анита Чакарова, Директор за контрола, квалитет и безбедност на храна во ПИ „Кристал 1923“

Храбри и прекрасни: Модна ревија на ЕЛЕНА ЛУКА посветена на жените кои се борат или се избориле со ракот

Храбри и прекрасни: Модна ревија на ЕЛЕНА ЛУКА посветена на жените кои се борат или се избориле со ракот