05 Декември, 2025
0.1983

Домашните салами се направени од увозно месо

Објавено во: Агробизнис 23 Септември, 2013 20:43

Добивај вести на Viber

Иако производство и извозот на преработки од месс растат, месната индустрија останува зависна од увозот. Над 90 отсто од говедското и 50 отсто од свинското месо за месни преработки се увезува, пред се поради намалениот број на добиток. Како што велат од Стопанската комора на Македонија, зголемување на увозот има кај свинското и живиното месо, а благо намалување кај говедското месо.Според Васко Ристовски  од Комората, сточарското производство бележи негативни резултати минатата деценија. „Според статистичките податоци, бројот на говедата е на исто ниво, односно околу 250 илјади во изминатите 10-тина години со благи отстапувања, а има драстично намалување во овчарството каде во 2000 година имаше еден милион и триста, а сега едвај 600 илјади овци. Намалување има и кај свињарството од 250 милијади во 2000 година, до 176 илјади свињи сега. Намалување има и кај живинарството“, вели Ристовски. Во однос на забраната за продажба на однапред сомелено месо, од Комората се надеваат дека новиот правилник нема финансиски да ги оптовари компаниите и потрошувачите. Според правилникот, кој стапи на сила на први септември, во маркетите и месарниците смее да се продава само  пакувано мелено месо од специјализиран преработувач, односно е дозволено месото да се меле пред купувачот и на негово барање.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?