05 Декември, 2025
0.0356

Домашните туристи не се доволни за да ја спасат оваа туристичка сезона

Објавено во: Македонија, Корона Вирус 14 Јули, 2021 06:59

Добивај вести на Viber

Станува сѐ поизвесно дека и оваа туристичка сезона ќе пропадне.

Странските гости се во многу мал број, а домашните туристи не можат да ја спасат сезоната. Оваа година ќе имаме многу помалку посетители од Холандија. Пандемијата не е завршена, а појавата и ширењето на новите соеви на коронавирусот, не дозволуваат да се вратиме на нивото кое го имавме пред неколку години.

„Претходните години имавме по 25.000 Холанѓани во сезона, и тие доаѓаа од 1 мај до октомври, а сега ќе имаме некаде околу 5.000. Имаме дел полски туристи, но генерално е мал бројот на странци. Ќе бидеме со загуба. Секаде е слабо, и во Грција има помалку туристи, но сега во овие пандемиски услови, сите држави се трудат да привлечат гости. Ова време треба да го искористиме за вложувања во инфраструктура, затоа што тоа ќе ни се врати понатаму, да се подобри хигиената. Треба да им се помогне на домашните работодавачи кои вложуваат во нешто долготрајно“, вели Крсте Блажески, претседател на Хотелиерската асоцијација на Македонија (ХОТАМ).

Тој објаснува дека ќе ни требаат најмалку две до три години за да има туристи како пред почетокот на пандемијата. Но, нагласува дека многу луѓе останаа без работа, во меѓувреме се соочуваме со инфлација, така што ќе треба време за стабилизирање  на целокупната економска ситуација, а кога приходите ќе се нормализираат, граѓаните ќе можат да си дозволат да одат на одмор.

Во Дојран и ова лето одмораат домашни туристи, а дел од српските граѓани кои одат на море го Грција, свраќаат за да уживаат во Дојранското Езеро.

„Освен домашни гости, имаме и Срби, иако тие се во помал број од лани, но се надеваме дека по 15 јули ќе ги има во поголем број“, додаваат од хотел во Дојран.

Во Општина Ресен има доза на оптимизам и се надеваат дека бројките нема да ги разочараат.

„Веќе е раздвижено, и очекуваме дека ќе имаме доста домашни гости, но и наши иселеници кои се вратени во земјата на одмор. Се надеваме дека ќе биде полно за викендите, и самата уреденост на плажите овозможи еден поинаков пристап“, изјави Ајман Ал Маала, раководител на секторот за животна средина во Општина Ресен.

Македонија загуби 144 милиони долари девизен прилив од странските туристи поради пандемијата во 2020 година. Годишниот извештај на Агенцијата за поддршка на туризмот покажува дека минатата година биле остварени 252,05 милиони долари од странските посетители, додека една година претходно сумата била 395,92 милиони долари.

Сања Атанасовска

foto Wikipedia

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија

„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“

„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“

ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите

ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите