Домашното жито се откупи, што понатаму?
Објавено во: Агробизнис 27 Август, 2013 09:39
Но, иако веќе се создадени услови за укинување на заштитната мерка барем за пченицата, од ресорното министерство сеуште не прецизираат кога ќе се кренат увозните рампи. Остануваат на ставот дека мерката ќе трае колку што е потребно, односно до стабилизација на пазарот. Наспроти тоа, од српското минситерство за земјоделство, велат дека Македонија ги поминала сите рокови, се прекршил и договорот на последниот состанок на ЦЕФТА. Порачуваат дека во следните неколку дена Македонија не ја повлеќе меркаѕа, ќе бидат принудени да воведат реципрочни мерки за увозт на македонски производи.
-На состанокот на ЦЕФТА беше јасно кажано дека Македонија ги прекршила правилата. Тогаш се договоривме дека до 15 август ќе трае мерката, помина 20 дадовме уште еден рок помина и тој. Сметавме дека проблемот ќе се надмине на институционален план, но од ваша страна нема слух. Засега нема никакво ограничување за македонските производи, но ќе бидеме принудени да на тоа доколку македонската Влада не ја укине мерката во следните неколку дена. Не можам точно да прецизиран за колку дена ќе биде тоа, но сепак набрзо. Не можеме и ние да чекаме оти сме притиснати од нашите земјодлци, и ние трпиме штети откако Македонија ја воведе оваа мерка. Контрамерките се веќе подготвени, не можам да кажам што содржат, но доколку макеоднската влада не попушти ние ќе поднесеме барање за одлука на Влада за спорведување на контра мерки. Се надевам дека нема да дојде до тоа, бидејќи и ние не сакаме да изгубиме долгогодишен трговски партнер, затоа сме и во постојан контакт со вашиот министер за земјоделство Љупчо Димовски, изјави за Фактор, Данило Голубовиќ, државен секретар во министерството за земјоделство во Србија
Упатените во состојбата коментираат дека мерката за ограничен увоз на пченица и брашно би се укинала кон средината на септември. Но се поставува прашањето дали Србија ќе го толерира тој рок? Од друга страна министерот Ваљон Сарачини за телевизијата Алсат изјави дека доколку Србија воведе реципрочни мерки, тогаш и Македонија ќе возврати. Ваквиот епилог ќе значи отворена трговска војна, од која двете држави ќе изгубат. Трговкста размена со Србија е .
Српскиот пазар се смета за стратешки. Србија е трет по големина извозен партнер на Македонија, и учествува со 7,48% во вкупниот извоз. На српскиот пазар најмногу извезуваме свежи домати, вино и лекови. Минатата година извозот на флаширано вино бил во вредност од над 15 милиони евра, а од зеленчукот во вредност од околу 8 милиони евра. Надворешно-трговската размена меѓу Србија и Македонија е согласно Договорот ЦЕФТА. Лани таа достигна 777,1 милион американски долари, со негативно трговско салдо од 186,5 милиони долари. Покриеноста на увозот со извозот изнесува 61,2 отсто..
Ј.С
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина
Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?





