Новиот станбен комплекс кој што ги поместува границите на секојдневието
ДОМИНО - Простор каде се вкрстуваат естетиката и функционалноста
Објавено во: Мои пари 28 Февруари, 2017 09:56
“Концептот на Домино е домашно засолниште среде градска средина, го замисливме како вистински дом во урбаното секојдневие”, потенцираат во Импексел2, компанијата-инвеститор на комплексот
Трендот на продажба на станови во Скопје е сè повеќе доминантен на пазарот на недвижнини, за разлика од побарувачката за куќи и деловен простор. Поради зголемиот интезитет во изградбата на станови во главниот град, сè потешко е да се донесе вистинската одлука кога станува збор за идеалниот стан. Во агенциите за недвижности велат дека граѓаните секојдневно купуваат станови со различни квадратури и по различни цени за метар квадратен. Во последниот извештај на Агенцијата за катастар на недвижности, беше заклучено дека бројот на новоизградени станови и станови кои се во тек на градба, односно - понудата на станови на пазарот, ја задоволуваат побарувачката. Додека, пак, што се однесува до цените на пазарот на недвижности, како што беше наведено неодамна, тие се стабилни и со благ пад во некои од општините, особено во делот на закупите.

Како тогаш да го одберете идеалниот дом за вас? Она што се истакнува како нова и атрактивна понуда на пазарот на недвижнини во главниот град се становите во Комплексот наречен Домино, лоциран во општината Карпош, во непосредна близина на поранешната фабрика Алумина. Домино е станбен комплекс развиен во две ламели, со станови за висококвалитетно домување на едно и на две станбени нивоа, таканаречени дуплекс станови.
Инвеститор на овој комплекс е компанијата Импексел 2 од Скопје, од каде што велат дека она што го издвојува Домино се естетиката и функционалноста на целиот простор, кој што е проектиран по највисоките светски стандарди за објекти со комбинирана намена, со дополнителна вредност на просторот за сите кои што живеат во овој дел од градот. Проектирањето на квадратурата на стабените единици е со согласност со трендовите, односно со она што се бара на пазарот на недвижности во последниве неколку години во Скопје. Така што, на пример, двособните, трособните и четворособните станови се движат со квадратури од 45м2, до 100м2и над 100м2, двоетажните станови се со површина од 50м2 до 130м2, додека ексклузивниот пентхаус е со квадратура од 543м2 на две нивоа, велат во компанијата-инвеститор на комплексот.
“Домино е конципиран да биде своевидна мирна оаза среде урбаното и бучно секојдневие, така што поседува сопствен голем двор, она што во современите градби во Скопје до сега многу малку го има или го нема. Со урбана опрема, со специјализирано детско игралиште со реквизити, мирно и тивко место без сообрааќај. Се обидовме да го вратиме дворот на станарите, да го вратиме оној социјален момент на домувањето во колективни станбени објекти, но и како место за рекреација. Исто така, многу внимававме на зеленилото, да го оплемениме просторот и со зелени површини и дрвја, така што зеленило има низ цел комплекс, и на терасите, но и на покривите на објектот, она што со современиот речник се вели roof-top-garden или градини на покрив. Ова се некои од главните моменти што нè разликуваат од останатата понуда на пазарот во Скопје. Концептот на Домино е домашно засолниште среде градска средина. Домино го замисливме како вистински дом”, потенцираат одговорните во Импексел2.
Компанијата е присутна и на Саемот за градежништво што е во тек, каде што сите заитересирани можат да се информираат за специјалните саемски понуди и попусти при купувањето на стан во Домино.
Комплексот започна со градба минатата есен, а целосната изградба на Домино е планирано да се заврши во фази, кон крајот на 2019 и средината на 2020 година.
Можеби ќе ве интересира
ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА
Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон
Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“
Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун
Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција
Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час
Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете




