Донација од „Макпетрол“ за основните училишта во општина Центар
Објавено во: Мои пари 01 Септември, 2022 16:15
„Макпетрол“ АД Скопје донираше 620 училишни ранци за првачињата во сите 8 основни училишта во општина Центар во Скопје. Училишните ранци денеска на учениците им ги подели Општина Центар на првиот училишен ден.

Како општествено одговорна компанија, „Макпетрол“ исклучително го вреднува значењето на образованието во развојот на луѓето и со својата донација вложува во иднината на децата. Донацијата на компанијата доаѓа во годината кога „Макпетрол“ одбележува 75 години од основањето, период во којшто голем дел од своите ресурси, време и енергија посветува на доедукација и професионално усовршување на вработените.
- Компанијата е постојано меѓу најпосакуваните работодавачи во земјата, а една од главните причини за тоа е што им овозможува личен и кариерен развој на членовите на својот тим. Со ова се потврдува вредноста што ја придаваме на образованието и со тоа на ум, ја реализиравме оваа донација на ранци за сите првачиња во Општина Центар со кои, се надеваме, дека ќе ги израдуваме и ќе им помогнеме во совладувањето на училишните предизвици – велат од компанијата „Макпетрол“.

Можеби ќе ве интересира
ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА
Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон
Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“
Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун
Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција
Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час
Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете




