19 Декември, 2025
0.0401

Доналд Туск: Играта за Грција заврши. Алексис Ципрас: Ова не е игра

Објавено во: Балкан, Економија 26 Јуни, 2015 20:02

Добивај вести на Viber

Кредиторите нудат 5 месеци попуст за Атина.

Акутен спор помеѓу грчкиот премиер Алексис Ципрас и претседателот на Европскиот совет Доналд Туск за кризата со Атина се разгорел на самитот во Брисел, кој заврши денеска, соопшти Атинската новинска агенција.

„Играта заврши“, му рекол Туск на грчкиот премиер. „Во Грција има 1,5 милиони невработени, 3 милиони сиромашни и илјадници семејства кои немаат приходи освен пензиите на бабите и дедовците. Ова не е игра“, одговорил Ципрас. „Не треба да се потцени колку далеку може да стигне народот, кога се почувствувал понижен“, додал грчкиот премиер. По средбата Ципрас објавил дека нема да подлегне на „ултиматум и уцена“ на кредиторите.

Европските лидери разговарале 2 часа за ситуацијата со Грција на форумот, што воопшто не било предвидено, но пробив и така не бил постигнат, пренесоа агенциите. Тие го повикале Алексис Ципрас да го прифати предлогот на кредиторите поради грчките граѓани. Тој од своја страна ги замолил лидерите за помош и да не ја остават Грција во рацете на ММФ.

Тие сепак одбиле да навлегуваат во техничките детали, и објавиле дека чудо големо треба да се случи за да биде постигнат договор помеѓу министрите за финансии и кредиторите.

Евролидерите побарале склучување на договор за време на викендот, за да има време тој да биде изгласан како од грчкиот парламент, така и од парламентите на некои од другите земји членки. Германија инсистира договорот да е факт кој ќе ги отвори пазарите во понеделникот. Канцеларката Ангела Меркел повика за попусти на лична средба со Алексис Ципрас и францускиот претседател Франсоа Оланд на крајот на форумот. Доналд Туск веќе објави дека не се предвидува друг самит посветен на Грција.

Денеска беше јасно дека европските кредитори се подготвени да и понудат на Грција 12 милијарди евра помош до крајот на ноември, под услов земјата да се договори брзо по серијата реформи и буџетски мерки. Освен тоа кредиторите нудат продолжување со пет месеци на втората спасувачка програма за Грција.

Во предлогот е наведена подготвеноста да и се опуштат итно на Атина 1,8 милијарди евра штом грчкиот парламент ќе го изгласа договорот. Оваа сума ќе и овозможи на земјата да избегне банкрот и да ги врати на ММФ од кредитот вреден 1,6 милијарди евра.

За утре е закажана нова средба на Еврогрупата во Брисел, која се смета за последна шанса за спас на Грција. Ако и тогаш нема договор, министрите за финансии итно почнуваат да разговараат за „План Б“. Тој треба да спречи грабеж и колапс во Грција во случај на банкрот, како и ограничување на штетата за пазарите во земјите од еврозоната.

Можеби ќе ве интересира

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

Косово купува моќно американско оружје

Косово купува моќно американско оружје

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен