20 Декември, 2025
0.0444

Донаторска акција на компанијата Подравка со брендот Вегета - Со "Донираме и училишни кујни реновираме" му помагаме на средното угостителско училиште "Лазар Танев" во Скопје

Објавено во: Мои пари 07 Март, 2023 10:44

Добивај вести на Viber

Во рамките на програмата за општествена одговорност, компанијата Подравка го започна проектот 'Донираме и училишни кујни реновираме'.  Со секоја продадена Вегета оригинал во сино пакување во периодот од 01.03.2023 до 31.03.2023 година ќе бидат одвоени 5 денари за реновирање на училишни кујни. Оваа година, донираните средства ќе бидат наменети за СУГС „Лазар Танев“, Скопје.Собраните средства ќе обезбедат училиштето да вдахне нов живот во својата кујна, а учениците да го усовршат кулинарскиот занает. За таа цел, компанијата Подравка повикува заеднички да ги поддржиме идните професионални готвачи и да им овозможиме современи услови за школување.

Вкупната вредност на донацијата ќе се објави на 1 април 2023 година и ќе зависи од продадените Вегета Оригинал производи, а ќе биде употребена за набавка на современи кујнски апарати по сите стандарди, кои ќе им послужат на многу генерации професионални готвачи кои се школуваат во средното угостителско училиште “Лазар Танев” во Скопје.

На овој начин ќе се остварат целите предвидени со програмата за општествена одговорност на брендот Вегета на Подравка во целиот Адриа регион, но и поединечно, на одделните пазари. Со оваа донација, Подравка во Македонија сака да влијае на унапредувањето на квалитетот на живот на граѓаните и токму преку оваа актуелна проектна иницијатива, особено е важно заеднички да им овозможимесовремен пристап во образованието на новите генерации готвачи и да им се овозможи веќе на училишна возраст да имаат оптимални услови за школување за да можат понатаму да бидат вистински амбасадори на македонската кујна во светот.

Повеќе детали за донаторската акција откријтена:www.donirame.vegeta.mk

ПР објава

Можеби ќе ве интересира

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии