Донација од 123.000 денари за Центарот за даунов синдром
Објавено во: Мои пари 08 Април, 2013
Центарот за даунов синдром доби 123.000 денари донација од хуманитарниот настан „Вино и сирење“, што се одржа вчера во Скопје, во организација на Меѓународното здружение на жени - Скопје.
Со свои активности во одржување на настанот помогнаа и волонтери со Даунов синдром и ученици од меѓународните училишта „НОВА“.
За учесниците на настанот беа организирани лотарија и аукција на вина, а имаа можност да купат и примерок од „Македонскиот вински водач“. Пред нив беа претставени активностите на новоотворениот Центар за даунов синдром и на Меѓународното здружение на жени кое постои повеќе од деценија и помага на ранливите групи мајки и деца со добротворни проекти.