18 Декември, 2025
0.0554

Донирајте и дајте шанса за живот!

Објавено во: Мои пари 21 Октомври, 2014 12:11

Добивај вести на Viber

Cо повик на телефонските броеви 070, 075 или 077 14 33 33 се донира за кампањата Шанса за живот. Оваа кампања е иницирана од компанијата ОКТА и Клиниката за детски болести во Скопје за да се соберат средства за поправка на старата и набавка на нова опрема на Одделот за Интензивна нега на Клиниката. На овој оддел, единствен од овој тип во земјава, последниве години значително е зголемен бројот на предвремено родени и бебиња со компликации. Зголемениот број на нови случаи го отежнува функционирањето на одделот каде има сериозен недостаток од  апаратура. „Се обидуваме да направиме промена во овој оддел каде е зголемена бројката на примени деца, а нашите можности во поглед на апаратура и простор е иста и непроменета со години. Потребна ни е секоја помош бидејќи животот на овие деца во случајов зависи од тоа колку ќе успееме да направиме со кампањата. Средства се секогаш потребни, посебно во оддели каде нема алтернатива за нив, односно се единствени по својата намена во цела земја“, изјави директорката на Клиниката за детски болести, Аспазија Софијанова. Иако донацијата на ОКТА е од огромно значење за Одделот за Интензивна нега, сепак неопходна е дополнителна помош за подобрување на моменталната состојба. Поради тоа, потребно е вклучување на сите оние кои може да помогнат за да се спасат животите на бебињата кои се обидуваат да победат во својата прва битка во живот. Шансата е во нашите раце и со само едно јавување на еден од телефонските броеви може да придонесеме за вистинска промена. Сите активности на кампањата се одвиваат јавно и транспарентно и по завршувањето и донирањето на опремата, целиот процес на собирање на средствата, набавување на апаратурата и донирање во Интензивното одделение ќе биде објавено на интернет страната на компанијата. Извештајот ќе покаже каде точно се вложени средствата на граѓаните кои донираа и со тоа ги поддржаа целите на кампањата. Со бирање на некој од броевите 070, 075 или 077 14 33 33 ќе се донираат по 100 денари, а со повикот се пресметува и данокот од 18 отсто и ќе чини вкупно 118 денари.

Можеби ќе ве интересира

Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година

Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година

Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација

Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација

Минт Кредит - Роденденска акција што носи подарок

Минт Кредит - Роденденска акција што носи подарок

Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка

Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка

ЕДУКАТИВНО ПРЕДАВАЊЕ ЗА ОДГОВОРНО ИГРАЊЕ ИГРИ НА СРЕЌА

ЕДУКАТИВНО ПРЕДАВАЊЕ ЗА ОДГОВОРНО ИГРАЊЕ ИГРИ НА СРЕЌА

КАМ го потврдува својот квалитет со три нови меѓународни сертификати „Best Buy“

КАМ го потврдува својот квалитет со три нови меѓународни сертификати „Best Buy“

Како да купуваме паметно во пресрет на новогодишните празници

Како да купуваме паметно во пресрет на новогодишните празници

Во dm има голем избор на мирисни ноти: Која ќе доминира оваа зима? Ова се нашите топ 5!

Во dm има голем избор на мирисни ноти: Која ќе доминира оваа зима? Ова се нашите топ 5!

Како да откриеш која кредитна картичка одговара на твојот животен стил?

Како да откриеш која кредитна картичка одговара на твојот животен стил?