Дополнителни субвенции за лозарите, кога ќе ги добијат?
Објавено во: Агробизнис 18 Ноември, 2016 17:23
По изборите, лозарите ќе добијат дополнителни субвенции, изјави денеска градоначалникот на Кавадарци, Александар Панов.
Се работи за вонредна поддршка по штетите што ги претрпеа лозарите изминатата сезона.
„Поради несериозниот однос на дел од винарниците, на некои од производителите им скапа грозјето или им остана несобрано иако во мал процент, додека други мораа да го складираат и во домашни услови од него да прават ракија. Имајќи го сето тоа предвид, сметав дека во мојот ангажман пред владините институции, главно требаше да биде обезбедувањето на дополнителни субвенции за лозарите. Мислам дека средствата се обезбедени, но веројатно поради периодот во кој се наоѓаме, исплатата не може да се одвива сега“ - рече Панов.
Тој не даде конкретен одговор колку ќе изнесува помошта по хектар.
Панов зборувајќи за изминатата гроздоберска сезона, објасни дека не сите винарски визби ја искористија можноста за субвенционирање која им беше понудена од Владата.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина
Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?





