Допрено дното - Наводна федерална химна предизвика негативни реакции
Објавено во: Македонија 01 Март, 2017
Пропагандата го достигна дното со објавата на наводна федерална химна на Македонија која е двојазична, но е полна со национализам и навредливи содржини. На квази каналот Republika federale e Maqedonisë е објавена песната која собра досега само негативни коментари на YouTube.
- И јас сум за ВМРО-ДПМНЕ, ама ова што ги терате нашите млади од УМС е смешно уште подбуцнување за СДСМ, па после се чудите зошто 51 пратеник освоивте, ако Грујо треба да си оди не ја чепкајте младината, напиша корисникот со име Гоце Македонецот.
- Грујо не е здрав ги тера од УМС да пејат вакви песни па после да каже СДСМ се предавници, само се спаси. Го допре дното МРШ ГРУЈО ПРЕДАВНИКУ, напиша корисникот Mighty Macedonian.
Ова е уште еден обид на црната пропаганда да внесе немир и тензии во општеството, особено на социјалните мрежи. Со оглед на бројот на негативни коментари очекуваме ова видео да биде избришано, а навредливиот канал кој ја сквернави националната химна да биде блокиран на YouTube.