ДОПРВА ЌЕ УРИВААТ РЕКОРДИ: Поскапеа златото и среброто
Објавено во: Економија, Корона Вирус 20 Јули, 2020
Поскапуваат златото и среброто.
Допрва се очекува нивните цени да уприваат рекорди.
Само во последните четири месеци унцата злато на светските пазари поскапи за скоро една четвртина, односно од околу 1.475 долари кон крајот на март на повеќе од 1.810 американски долари. Најголема номинална цена златото ја достигна во 2011 година.
Светските економии имаат различен пристап за ефикасно управување на огромните издатоци потребни за повторно покренување на економските активности.
Од први јуни кога златото се тргуваше за 1.671 долари до сега достигна цена од 1.810, односно цената за унца злато забележа раст од 125 долари што е околу 6,9 отсто за месец и половина.
Само во последните четири месеци унцата злато на светските пазари поскапи за речиси една четвртина, односно од околу 1.475 долари кон крајот на март на повеќе од 1.810 американски долари. Најголема номинална цена златото достигна во 2011 година.
Среброто зема замав. Во последните седум недели поскапи за 2,20 долари, или 11,1 отсто.На почетокот на јули златото регистрираше цена каква немало 9 години.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.