Досега на веб страницата за вакцинација се пријавиле околу 140.000 граѓани
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 14 Април, 2021 15:38
Досега на веб страницата за вакцинација се пријавиле околу 140.000 лица.
Владата планира преку кампањи да ја подигнува свеста на граѓаните за потребата од имунизација, изјави министерот за здравство Венко Филипче.
„Планираме да почнеме со кампањи. Дел од нив се подготвени, другите се подготвуваат. Повторно ја користам оваа можност да апелирам до сите граѓани да се пријават на веб-страницата „вакцинација.мк". За неколку дена ќе има надградување на системот, во однос на добивање известување преку СМС-порака откако граѓаните ќе се пријават и на истиот начин ќе бидат информирани и за терминот за вакцинација“, вели Филипче.
Тој додаде дека свеста кај граѓаните за потребата од вакцинација е присутна и дополнително ќе се зголемува.
Филипче најави дека од понеделник ќе има нови пратки вакцини во Македонија. Првично се очекуваат 20.000 дози од производителот Фајзер/Бионтек, пратка која е дел од директните преговори со оваа фармацевтска компанија.foto freepik
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Владата демантира преговори со Британија за прифаќање азиланти
БОPЕНКА ја заокружува есенската сезона на 5 декември, Светски ден на волонтерите и Светски ден на почвите
Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат
(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени
Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме
ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите
КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи
Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија





