Досега се извлечени 233 жртви од малезискиот авион
Објавено во: Свет 20 Јули, 2014 19:10
Досега вкупно 233 жртви од падот на малезискиот авион се извлечени од местото на несреќата соопшти заменикот на украинскиот премиер Владимир Гроисман.
Тој рекол дека украинските власти се во преговори со представниците на проруските сили на Доњецкиот регион, каде што и се случи трагедијата, телата на жртвите од несреќата да се префрлат со воз на територијата која ја контролира Киев, пренесува Итар-тас.
„Во воз се 192 тела плус уште осум делови од тела. Сега преговараме тој воз да се пропушти“, соопштува Гроисман.
Боингот 777 на компанијата Малезија ерланјс, кој бил на лет Амстердам-Куала Лампур, на 17 јули се сруши на истокот на Украина, во регионот на Доњецк, 60 км од руската граница, односно во зоната на судири на проруските сили и украинските војници. Загинаа сите 298 патници и членови на екипажот - државјани на 10 земји, меѓу кои 192 Холанѓани и 10 Британци.
Можеби ќе ве интересира
САД даваат безбедносни гаранции за Украина, но нема договор за територијални отстапки
Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?
(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави
(ВИДЕО) Украина тврди дека со подводни дронови погодила руска подморница
Мерц го спореди Путин со Хитлер: „Тој нема да застане“
Терористот од Сиднеј бил член на српски ловечки клуб: „Не сум го видел повеќе години...“
Дали повлекувањето на Украина од НАТО ќе го промени текот на мировните преговори?
Татко и син извршија масакр на плажа во Сиднеј, убиени 16 лица




