01 Ноември, 2024
0.0283

ДОСИЕ Александар Вучиќ: Дали Србија доби автократ или модерен европски политичар?

Објавено во: Балкан 17 Март, 2014

Добивај вести на Viber

Во Србија, на предвремените парламентарни избори, очекувана победа однесе партијата на Александар Вучиќ, Српската напредна странка. Од вкупно 250 пратеници колку што брои српскиот парламент, Вучиќ според последните информации доби 157 пратенички места, потоа следуваат социјалистите на Ивица Дачиќ со 45 мандати, па Демократската партија на Драган Џилас со 19 пратенички мандати и Новата демократска партија на Борис Тадиќ со 18 мандати. Одзивот на изборите бил 50,3%. Вучиќ: Новата владата ќе биде формирана до почетокот на мај Лидерот на СНС, Александар Вучиќ синоќа изјави дека во наредните денови ќе биде составен план и програма на новата Влада која ќе биде формирана до први мај. Вучиќ испрати порака дека неговата партија е подготвена да им подаде рака на сите, иако потенцираше дека имаат 40 мандати повеќе отколку што е потребно за формирање на Влада. Вучиќ, заблагодарувајќи им се на граѓаните кои гласале за СНС, потенцираше дека ова е најдобриот резултат на неговата партија. Тој им честиташе на другите политички партии за постигнатите резултати. „Нема никого да понижуваме, туку со сите партии ќе соработуваме за подобро утре на Србија. До пред само два дена многумина зборуваа дека немаме никакви шанси, се покажа на крај дека луѓето ја препознаа нашата искреност. Пред нас се тешки реформи, но сигурен сум дека Србија има иднина и сигурен сум дека нашите деца ќе живеаат многу подобро отколку денес“, изјави Вучиќ. Како некогашниот член на „Делиите“ и човек од доверба на Шешељ стана модерен европски политичар? Во последната српска влада беше прв потпретседател на Владата, а сега се поизвесно е дека ќе ја превземе премиерска палка во Србија. Четиринаесет години беше генерален секретар на Српската радикална партија, сега е претседател на Српската напредна странка. Во 1993 година му пристапи на Воислав Шешељ и на неговата Српска радикална парија, станувајќи за кусо време еден од неговите адути. Вучиќ  бил и министер за информирање во Владата на народно единство, чиј премиер беше Мирко Марјановиќ. Тој негов ангажман не се памети по добро – поради тогашниот крајно омразен Закон за информирање, според кој парично беа казнувани неподобните новинари и преку ноќ беа забранувани. Вучиќ, подоцна, покајнички призна дека бил на погрешната страна. Но, кога по превратот на петти октомври во 2000 година се најде во опозиција, почна системски и темелно да работи на својата голема кариера. По првата победа над Тадиќ пред нецели две години, кога Томислав Николиќ стана претседател на Србија, Вучиќ со вчерашниот триумф на предвремените избори кај нашиот северен сосед, како да испишува нова историја во српското политичко поглавје.   Дали Србија е како Македонија во 2008 или Србија е сепак во 2014 година? Нема да изненади ако убедливиот триумф на Вучиќ од него направи автократ. Аналитичарите тврдат дека сега после убедливиот триумф Вучиќ јавноста ќе може да го види вистинскиот политички менталитет на Вучиќ. Она што од него секако може да се очекува е продолжување на неговата борба против корупцијата. Иако, некои се обидуваат вчерашниот триумф на Вучиќ да го споредат со триумфот на Никола Груевски во Македонија во 2008 година, по НАТО дебаклот, сепак речиси сите се едногласни дека Србија има зацртан европски пат, иако гаи одлични односи и со истокот, особено со Русија. Споредбата на Србија 2014 со Македонија 2008 е речиси невозможна. Зад решетки го стави српскиот милијардер Мишковиќ Вучиќ, кој до вчера беше прв потпретседател во владата чиј премиер беше Ивица Дачиќ за неполни две години владеење, успеа да се справи со српскиот милјардер Мирослав Мишковиќ, ставајќи го зад решетки. Вучиќ тврдеше дека од 30 до 50 илјади евра мито месечно земале одредени политичари од неодамна уапсениот Мирослав Мишковиќ. Тој не ги откри имињата на политичарите, но потенцираше дека власта веќе подолго време е запознаена со случајот,  најави дека истрагата допрва ќе ги обезбедува доказите. Што со медиумите Во претходната влада Вучиќ речиси не промени ништо во јавниот сервис, кај РТС. Аналитичарите очекуваат каков потег ќе повлече сега Вучиќ, имајќи во вид дека токму Ивица Дачиќ имаше многу свои луѓе на позиции во јавниот сектор. Дали Вучиќ сега ќе се обиде да направи промени во медиумскиот простор никој не сака да прогнозира. Најголем дел од работата е завршен Србија најголем дел од работата заврши изминативе две години, земјата веќе ги почна преговорите со ЕУ, дополнително речиси најголем дел од работата со Косово е завршена. Владеењето на правото, демократијата и медиумите сигурно се на европската агенда, токму затоа дел од аналитичарите коментираат дека Вучиќ сепак нема да има многу голем простор за да прерасне во автократ, затоа што најголемиот дел од Србите се за европска Србија. Доброупатените коментираат дека Србија има непријатели на патот кон ЕУ и токму затоа, толкуваат тие, секое застранување на Вучиќ ќе наиде на сериозна европска препрека.        Кој е Александар Вучиќ? Александар Вучиќ, правник и политичар. Роден е на петти март 1970 година во Белград, Србија. Бил одличен ученик, победувал на градските и републичките натпревари по историја, а бил и пионерски првак во шах во Белград. Правен факултет завршил во Белград, а англиски јазик усовршувал во Брајтон, Англија. Како еден од најдобрите студенти во генерацијата бил и стипендист на „Фондацијата за развој на научната младина“. Работел на „Канал С“ на Палама, Република Српска, во 1992 и 1993 година каде подготвувал и водел вести на англиски јазик.  Тренирал кошарка и играл фудбал. Познат е како навивач на белградска Црвена Звезда. Вучиќ е татко на две деца. И.М  

Можеби ќе ве интересира

ЕКСПЛОЗИЈА ВО СТАН ВО АТИНА: Едно лице загина, друго е повредено

ЕКСПЛОЗИЈА ВО СТАН ВО АТИНА: Едно лице загина, друго е повредено

(ФОТО) НА ПРАВНИОТ ФАКУЛТЕТ ВО БЕЛГРАД: Нозете на една девојка пропаднаа низ подот на читалната

(ФОТО) НА ПРАВНИОТ ФАКУЛТЕТ ВО БЕЛГРАД: Нозете на една девојка пропаднаа низ подот на читалната

ЕКСПЕРТИТЕ ЗА СОЛАРНА ЕНЕРГИЈА ЌЕ БИДАТ МЕЃУ НАЈБАРАНИТЕ: На Балканот ќе бидат отворени повеќе од 27.000 работни места

ЕКСПЕРТИТЕ ЗА СОЛАРНА ЕНЕРГИЈА ЌЕ БИДАТ МЕЃУ НАЈБАРАНИТЕ: На Балканот ќе бидат отворени повеќе од 27.000 работни места

МНОГУ ПОПУЛАРЕН САЛОН ЗА МЕБЕЛ ТРАЈНО Е ЗАТВОРЕН: Го презема компанија добро позната во Југоисточна Европа

МНОГУ ПОПУЛАРЕН САЛОН ЗА МЕБЕЛ ТРАЈНО Е ЗАТВОРЕН: Го презема компанија добро позната во Југоисточна Европа

РАМА Е ПРЕЗАДОВОЛЕН: Албанија е на прво место во Европа по раст на туризмот и втора во светот

РАМА Е ПРЕЗАДОВОЛЕН: Албанија е на прво место во Европа по раст на туризмот и втора во светот

БОРЕЛ ЗА СРБИЈА И НЕЈЗИНИТЕ ВРСКИ СО РУСИЈА: Мора да изберете едно или друго

БОРЕЛ ЗА СРБИЈА И НЕЈЗИНИТЕ ВРСКИ СО РУСИЈА: Мора да изберете едно или друго

(ВИДЕО) ВО ХАТАЈ: Турција изгради цел град за оние кои останаа без домови во земјотресот

(ВИДЕО) ВО ХАТАЈ: Турција изгради цел град за оние кои останаа без домови во земјотресот

ЗЕМЈОТРЕС: Се стресе северниот дел на Јадранот

ЗЕМЈОТРЕС: Се стресе северниот дел на Јадранот

ПО ИНЦИДЕНТОТ ВО ТИРАНА: Грција реагира за нападот врз Белери

ПО ИНЦИДЕНТОТ ВО ТИРАНА: Грција реагира за нападот врз Белери