19 Декември, 2025
0.0598

Досие: Андонис Самарас-Креаторот на проблемот со името заминува во политичката историја

Објавено во: Балкан 06 Јули, 2015 11:19

Добивај вести на Viber

Поранешниот премиер и лидер на Нова демокартија  Андонис Самарас  замина во политичката историја .  Повлекувањето од  лидерската позиција на најголемата грчка опозициона партија  беше за очекување особено по вчерашниот референдум и поразот на последните  парламентарни избори  во Грција   на кој  поддршката ја доби  неговиот политички ривал Алексис Ципрас со неговата Сириза .

samaras 4

Андонис Самарас  важеше за еден од  двајцата креатори на проблемот  со името. Тој  во 1991 година  заедно со тогашниот грчки премиер Константинос Мицотакис,  го создадоа проблемот со името, кој претходно не постоеше. Самарас ја изгради целата политичка кариера на националистичката реторика и конфликтот со Македонија. Во 2008 година, како министер за култура , тој ја објасни грчката стратегија со следново: Атина го одложува решавањето на прашањето се додека Македонија не се распадне и биде припоена кон нејзините соседи.

samaras 1

Самарас важеше за тврд националист, недоволно харизматичен. Македонците го паметат како непоппустлив преговарач за името, па дури и како еден од главните противници воопшо на решавање на грчко-македонското прашање.

На времето важеше за еден од најталентираните политичари од неговата генерација. Веќе на 26 годишна возраст дипломецот на Харвард, Андонис Самарас, стана најмладиот пратеник во грчкиот парламент, а со 39 години беше министер за надворешни работи во владата на конзервативниот Мицотакис. Но, потоа работите се сменија. На почетокот од деведесеттите години Самарас почна да застапува цврст став по таканареченото „македонско прашање“, ставајќи го во прашање умерениот курс на тогашниот премиер. За ова, Самарас мораше да плати со својата функција, меѓутоа неговиот реванш беше безмилосен. Тој основа мала десничарска партија, која придонесе за падот на владата на Мицотакис.

samaras

„Македонското прашање“ секогаш се поврзува со неговото име. Тоа само му отежнува во напорите да изгради веродостојна, конструктивна и објективна опозиција. Ова мора јасно да се каже, затоа што човекот си има свое миното.“ , рече во една прилика  Јоргос Шацимаркакис , германски европратеник со грчко потекло.

 Од позиција  на европратеник  Андонис Самарас  во напис, објавен во атинскиот весник „Катимерини“,   изјави дека по востанието на македонските Албанци во тетовскиот регион, соседната држава е на пат да го изгуби националниот идентитет. Со оглед на ова, воопшто и не мора да се бара компромисно решение за името, туку едноставно да се сочека, бидејќи времето работи во полза на Атина...“ Во јули 2013 година тогашниот грчки премиер Андонис Самнарас во писмо адресирано до неговиот македонски колега  Никола Груевски  бара  владата ви Скопје да размсили повторно за грчкиот предлог Меморандум за соработка а го смета за ирелевантно создавањето нови преговарачки тимови. Решението нема да дојде преку одредување дополнителни преговарачки кои ќе имаат, како што велите, политички мандат, пишува Самарас.

„Главното прашање на кое треба да се одговори е дали постои вистинска или само вештачка обврска кон процесот за решавање на името кој трае две децении . Осумнаесет години г-дине Премиере се многу долг период за некој да го припише овој проблем само на каприците на една држава, како што Вие ги толкувате работите“ , му напиша Самарас на Груевски .

samaras 3

На крајот тогашниот грчки премиер тогаш оцени дека решавањето на спорот ќе им биде од корист и на двете држави, додавајќи дека ако не се реши спорот билатералните односи нема да го достигнат посакуваното ниво, а народите нема да успеат да имаат корист од нормализацијата на односите. Македонскиот премиерот Никола Груиевски     иницираше   интензивирање на  преговроите за името на највисоко ниво   барајќи  директни и брзи средби меѓу претседателите на двете влади со нивни тимови, меѓу Самарас   негативно одговори на  ваквата идеја  .

Во 90-тите години грчкиот државен врв донесе стратегија или платформа којашто во основа содржи прво да го отвори ова прашање околу името на Република Македонија, да изгради систем на решавање на ова прашање , меѓу и по повеќе од две децении нема  изгледи за скорешна разврска .

Лидерот на опозиската Нова демократија, Андонис Самарас си поднесе оставка по силното „не“ на грчкиот народ против европските мерки. Тој побара од премиерот Ципрас во рок од 48 часа да донесе договор за грчкиот народ со цел да се смири општеството и да се стави крај на штетите на грчката економија.

Неговото повлекување беше  по барање од подмладокот и дел од членовите на партијата да дојде до смена на политичкото лидерство. Самарас беше премиер во шпицот на кризата, од јуни 2012 до јануари 2015 година.

Горазд Чомовски

Можеби ќе ве интересира

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

Косово купува моќно американско оружје

Косово купува моќно американско оружје

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен