25 Април, 2024
0.0286

Досие Боки13: Од реално шоу, до Си-ен-ен, па до Шутка

Објавено во: Македонија 16 Јули, 2019

Добивај вести на Viber

Со лициси на рацете во Шутка. На Бојан Јовановски му е одреден притвор од каде ќе чека вести и ќе биде повикуван да дава исказ во случајот кој вчера го обелодени Јавното обвинителство, а во кој тој се сомничи дека тргувал со влијание и успеал само од едно лице да извлече 1,5 милиони евра. Откако се појави е познат како Боки 13. Беше шоумен, често во јавноста предизвикуваше внимание, а стана познат по тоа што облекуваше женска облека, ама секогаш и скапа и брендирана. А како стаса токму тој да тргува со влијание, токму тој да е толку близок со обвинители, бизнисмени. Како во неговата личност успеа да концентрира моќ, да отвори телевизија, да се зближи со политичари, со бизнис елитата во земјава и како на крај тивко вечерта синоќа замина во Шутка?

Боки 13 е викан 13 затоа што уште кога беше помлад, во средношколските денови впрочем создаде и водеше свое шоу на кое им доделуваше награди на успешни естрадни уметници, наречено „13 за најуспешните“. Подоцна го имаше често на телевизија, како човек кој буди реакции оти имаше свој „стил“. Учествуваше во реални шоуа, во 2010 година во познатато балканско „Големиот брат“. Во тоа време испеа и неколку песни, имитираше српски и македонски пеачи и се појавуваше облечен како жена.

Во годините потоа стана експониран како лице хуманитарец, епитет кој му остана и до сега, оти подоцна кога стана и медиумски газда, често тврдеше дека семејната компанија помогнала некому на кого му било потребно.

Во 2017 година беше создаден Меѓународниот сојуз каде Јовановски стана директор, токму со цел да им помага на ранливите категории, но во последниот период таа организација речиси и да нема активност. 

Како гром од ведро небо сепак одекна веста, наредната година, дека Бојан Јовановски ќе стане сопственик на телевизија. Најавата стана и реалност па тој во март 2018 година ја отвори 1ТВ. Собра екипа, познати и докажани новинари и тврдеше дека телевизијата ќе биде врвот на македонскиот медиумски пазар. Во интервју за Фактор, Јовановски рече дека не е сопственик тој туку фирмата на неговиот татко, но подоцна и медиумски се создаваше впечаток дека ја поседува тој па вистинскиот сопственик на медиумиот годинава беше предмет на испитување од страна на Агенцијата за медиуми.

Како поминуваа деновите, и во следните месеци, па целата година, во 1ТВ продифелираа сите познати политичари, гостуваа обвинители, директори, министри. Но не само таму, почна да се зборува дека Јовановски е близок со повеќето и дека има доста пари чии извор никогаш не се дозна. Јовановски во тоа време за себе тврдеше дека е визионер и дека од 1ТВ ќе прави Си ен ен на Балканот.


„1ТВ ќе биде прва македонска телевизија која ќе биде и официјален сервис на светскиот CNN. Тоа значи дека ние ќе работиме по нивни стандарди, наши новинари ќе одат на обука во CNN, ќе имаме ментори од кај нив и најавуваме програма која ќе биде жива, брза, различна. Скоро за секој гледач, за секој телевизиски конзумент прифатлива и резултатите сами ќе си дојдат“, вели Јовановски во интервјуто за Фактор објавено во спетември лани.

Рече и дека нема да подлегнува на притисоци.

„1ТВ, односно ние нема да се боиме никогаш политички. Нема да припаднеме ниту на едните ниту на другите. Ние ќе останеме националана комерцијална телевизија којашто ќе се бори со квалитет, објективност, неселктивност. Пред се, брзина, точност на информација. Ќе не красат сите овие работи“, изјави Јовановски.

Но беше свесен дека ќе е моќен

„Свесен сум за својата тежина, за своето влијание, но не го користам толку колку што можам. Што не значи дека во даден момент кога ќе биде од потреба на овој медиум нема да го искористам своето име и презиме“, рече тогаш Јовановски.

Во меѓувреме телевизијата стана актуелна со емисијата Инсајдер во која најавуваше детали за криминали поврзани со бизнисменот Зоран Азманов. Тој во интервју за Фактор тврдеше дека Јовановски го рекетирал, па тој не прифатил да дава пари. Затоа, тврдеше е мета на неговите напади.

„Ако се провери од страна на УЈП и финансова полиција кои се фирмите кои плаќаат најмногу за рекламирање во 1ТВ кај Боки 13 веднаш ќе се воочи дека тоа се фирми чии газди се поврзани или се основачи на други фирми кои сега имаат проблеми и случаи со СЈО. Во цел град се зборува дека синот на главната специјална обвинителка е директор за рекламирање во 1ТВ, па многу е логично да се поврзе на кој начин се добиваат таквите нарачки за рекламирање и од каде се приходите на оваа телевизија - во најголем дел од рекламирање на фирми чии сопственици се поврзани во горенаведените случаи преку други фирми. И се е тоа многу јасно. Секој што е малку поупатен во државата ги знае тие информации. Заради тоа и популарноста и рејтингот на СЈО е паднат за повеќе од 20 проценти како што читав во некој од изданијата на Фокус во изминатите неколку недели.И самите ќе се уверите дека ништо од тоа што ќе го кажат во Инсајдер нема да има никаква врска со градежна мафија, туку ќе бидат искази на луѓе кои ми должат многу пари а не можам да ги наплатам бидејќи имаат блокирани сметки, од мене лично или од некоја од моите фирми, и сега бидејќи не можат да изгубат ништо повеќе, си наоѓаат место во непрофесионална телевизија да кажуваат приказни без никакви аргументи и докази, нешто што до сега го правеле во кафана, рече Азманов.

И навистина стана јасно, дека Јовановски е добар пријател со многу познати личности, а самиот не ја криеше близината со специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, чиј син Лазар Јанев дури и го вработи во телевизијата. Со кој друг бил близок и на кој јавен обвинител можел да му влијае за што го товари сега Обвинителството? Јавноста само погодува. Истрагата ја опфати и Јанева до некаде, а нејзиниот телефон од синоќа е во Обвинителство. Таа вчера дури и си поднесе оставка од функцијата во СЈО.

Претходно во јавноста излегоа и други приказни за наводен рекет во кој е вклучен и Јoвановски, а неодамна беше блокирана и сметката на телевизијата.

Многу настани, многу личности, многу недоумици. Јовановски засега останува во Шутка.

A.T.

Можеби ќе ве интересира

ИВОР МИЦКОВСКИ: Ако успеат да не коалицираат со ДУИ и да направат нешто..., ВМРО-ДПМНЕ ќе газат со години

ИВОР МИЦКОВСКИ: Ако успеат да не коалицираат со ДУИ и да направат нешто..., ВМРО-ДПМНЕ ќе газат со години

(ВИДЕО) Ечат македонската химна и народни песни на скопскиот плоштад

(ВИДЕО) Ечат македонската химна и народни песни на скопскиот плоштад

НАЈНОВИ РЕЗУЛТАТИ ОД ДИК: На обработени 90,49 отсто гласови - Давкова 326.310, Пендаровски 162.678

НАЈНОВИ РЕЗУЛТАТИ ОД ДИК: На обработени 90,49 отсто гласови - Давкова 326.310, Пендаровски 162.678

„СТЕВЧО ЈАКИМОВСКИ СОБРА ПОВЕЌЕ ПОТПИСИ ОД ГЛАСОВИ“: Доктор Беќаровски за изборниот резултат на градоначалникот на Карпош

„СТЕВЧО ЈАКИМОВСКИ СОБРА ПОВЕЌЕ ПОТПИСИ ОД ГЛАСОВИ“: Доктор Беќаровски за изборниот резултат на градоначалникот на Карпош

ГРУБИ БАРА ОСТАВКИ - од Изет Меџити, Арбен Таравари, Билал Касами, Африм Гаши

ГРУБИ БАРА ОСТАВКИ - од Изет Меџити, Арбен Таравари, Билал Касами, Африм Гаши

„БЕВ, СУМ И ОСТАНУВАМ ЛЕВИЧАР!“ Ванковска им честиташе на победниците, но најави дека новиот претседател допрва ќе се соочи со нејзините предвидувања

„БЕВ, СУМ И ОСТАНУВАМ ЛЕВИЧАР!“ Ванковска им честиташе на победниците, но најави дека новиот претседател допрва ќе се соочи со нејзините предвидувања

МИЦКОСКИ: ОВАА ВЛАСТ ПАЃА, ЦРВЕНИОТ КАРТОН СЛЕДУВА НА 8 МАЈ - се слушнав со Таравари и му посакав идна Влада во Македонија

МИЦКОСКИ: ОВАА ВЛАСТ ПАЃА, ЦРВЕНИОТ КАРТОН СЛЕДУВА НА 8 МАЈ - се слушнав со Таравари и му посакав идна Влада во Македонија

„СЕ ГЛЕДАМЕ ЗА ДВЕ НЕДЕЛИ, ЌЕ СЕ БОРИМЕ ДОДЕКА НЕ ПОБЕДИМЕ“: Ковачевски рече дека се надевале на подобри резултати

„СЕ ГЛЕДАМЕ ЗА ДВЕ НЕДЕЛИ, ЌЕ СЕ БОРИМЕ ДОДЕКА НЕ ПОБЕДИМЕ“: Ковачевски рече дека се надевале на подобри резултати

Пендаровски: ВМРО-ДПМНЕ не е сигурен во победа во вториот круг

Пендаровски: ВМРО-ДПМНЕ не е сигурен во победа во вториот круг