05 Декември, 2025
0.1947

Мекдоналдс: Од почетоците на славните браќа, до проблемите на биг-мекот во малата Македонија?

Објавено во: Мои пари 16 Мај, 2013 07:59

Добивај вести на Viber

Почетоците на формирање на ланецот за брза храна се во 40-тите години од минатиот век кога браќата Дик и Mек Мекдоналд го почнаа брендот Мекдоналдс во Калифорнија. Нивното воведување на ,,Системот на услуги Спиди’’ во 1948 година ги основа принципите на модерниот ресторан за брза храна. Оригиналната маскота на ,,Мекдоналдс’’ е човек со глава како хамбургер и готвачка капа, чие име е Спиди (Speedee). Спиди на крајот беше заменет со Роналд Мекдоналд од 1967 година кога компанијата прв пат донесе заштитен знак за САД, човек во костим на кловн. Рестораните на Мекдоналдс во Македонија веќе трет ден остануваат затворени. Шпекулациите се бројни, во официјалното соопштение стои дека се прават напори за нивно брзо отварање. Што всушност се случи со американските хамбургери во Македонија? Компанијата „СЈ“ ја доби франшиза на Мекдоналдс во Македонија пред 15 години, односно во 1997 година. По дводневен молк, од оваа компанија соопштија дека рестораните се привремено затворени и се прават напори за нивно повторно отворање. „Како последица на околности кои се надвор од наша контрола, побарано е од нас да ја запреме работата на Мекдоналдс рестораните на територијата на Македонија од 14 мај. Бараме решение кое ќе ни овозможи повторно да ги отвориме вратите на нашите ресторани, што е можно побрзо. За таа цел, се надеваме на корисни преговори со McDonald’s корпорацијата, кои ќе ни овозможат да ја продолжиме нашата мисија и да ги услужуваме нашите верни потрошувачи во Македонија“, ова е дел од допписот на „СЈ“ до македонските медиуми. Од 1997, кога се отвори првата франшиза на Мекдоналдс во Скопје, беа вработени над 200 вработени. До денес, информираат од „СЈ“, Мекдоналдс за франшизата во Македонија, инвестираше 6 милиони евра за востпоставување на брендот и развојот на бизнисот. Одземена е франшизата од Мекдоналдс за Македонија? „СЈ компани“ веќе не ги поседува правата да работи со рестораните под брендот Мекдоналдс, вели Агнес Вандаи, директор за комуникации во „Мекдоналд Европа“ за денешното издание на Дневник. Вандаи додава дека компанијата во Македонија, која до сега ја поседуваше лиценцата, сама ќе одлучи дали рестораните ќе продолжат да работат под некој друг бренд. Според финансиски извештај од 2010 година, сопственик на 90 проценти од седумте ресторани на Мекдоналдс во Македонија е инвестициската групација М6, на чело со познатиот бизнисмен Светозар Јаневски. Агенцијата што ги работи односите со јавноста за оваа групација вчера не сакаше јавно да го коментира затворањето на рестораните, пишува Дневник. 7 ресторани во Македонија - 34 илјади во светот Во Македонија има седум ресторани со околу двесте вработени. Во светот повеќе од 34 илјади ресторани ширум светот го носат името Мекдоналдс каде се вработени 1,8 милиони луѓе од 119 земји.  Притоа, 80% од рестораните се дадени со франшиза, стои на официјалниот сајт на компанијата. Мекдоналдс има строги франшизни договори со локалните партнери во сите земји каде е присутен. Почетните инвестиции за отворање на ваков синџир на Мекдоналдс во која било земја почнуваат од еден милион евра, а можат да стигнат и до 3,5 милиони евра. Овде се вклучени трошоци за купување локација, изградба  и опремувањена објектот, тренинзи за вработените, но и банкарска гаранција против злоупотреба на брендот. Почетоците на формирање на ланецот за брза храна се во 40-тите години од минатиот век кога браќата Дик и Mек Мекдоналд го почнаа брендот Мекдоналдс во Калифорнија. Нивното воведување на ,,Системот на услуги Спиди’’ во 1948 година ги основа принципите на модерниот ресторан за брза храна. Оригиналната маскота на ,,Мекдоналдс’’ е човек со глава како хамбургер и готвачка капа, чие име е Спиди (Speedee). Спиди на крајот беше заменет со Роналд Мекдоналд од 1967 година кога компанијата прв пат донесе заштитен знак за САД, човек во костим на кловн. Првите ресторани ,,Мекдоналдс’’ се отворија во САД, Канада, Костарика, Панама, Јапонија, Холандија, Германија, Австралија, Франција, Ел Салвадор и Шведска. Во моментов корпорацијата како датум на нејзиното основање го смета франшизното отворање на ресторан од Реј Крок, во Илиноис на 15 април 1955. Kрок подоцна го повлекол капиталот на браќата Мекдоналд во компанијата што доведува до светска експанзија ,со што во 1965 година компанијата котираше на јавните пазари на акции. Со проширувањето на ,,Мекдоналдс’’ во многу меѓународни пазари, компанијата стана симбол на глобализацијата и на ширењето на американскиот начин на живот. Нивната слава, исто така, ги доведе до честа тема на јавни дебати за дебелината, корпоративната етика и одговорност на потрошувачите. Пад на продажбата за април Според последните податоци, априлската продажба во американскиот синџир ресторани за брза храна Мекдоналдс бележи пад поради тешките времиња во Европа, Азија, Блискиот Исток и Африка, јави Ројтерс. Глобалната продажба во рестораните на компанијата, отворени најмалку 13 месеци, падна за 0,6 отсто во април. Продажбата во Европа се намали за 2,4 отсто, а во Азија, Блискиот Исток и Африка за 2,9 отсто. Таму падот беше и поради избувнувањето на нов вирус на птичји грип. Во САД, пак, е забележан раст на продажбата од 0,7 отсто. Аналитичарите очекуваа благ пад и за САД - од 0,05%, намалување од 1,01% за Европа и 1,44% за Африка, Блискиот Исток и Азија, покажуваат податоците на „Consensus Metrix“. Редакција Фактор  

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Пакомак најави отворање на нов погон за секундарно селектирање на отпадот, каков што нема никаде на Балканот

Пакомак најави отворање на нов погон за секундарно селектирање на отпадот, каков што нема никаде на Балканот

СЕТЕК BLUE DECEMBER: ЖЕЛБИТЕ БЛЕСКААТ ВО СИНО

СЕТЕК BLUE DECEMBER: ЖЕЛБИТЕ БЛЕСКААТ ВО СИНО

Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“

Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“

Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“

Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“

ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ

ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ

Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?

Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?

Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели

Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј