Досие Мишковиќ: Како српскиот милијардер се обиде да ја освои Македонија?
Објавено во: Анализа 13 Декември, 2012 08:00
Но, веднаш по изборите и доаѓањето на Никола Груевски на власт, почнаа да се изјаловуваат плановите на Мишковиќ. Договорот за купопродажба уште есента 2006 година му беше раскинат од страна на Владата, а парите му беа вратени. Според формалното образложение од Министерството за транспорт и врски, како причина беа наведени три работи: немање акт за планирање, ниту пак извод од ДУП за да се потврди дека земјиштето е планирано за изградба на деловен центар, задоцнето плаќање, односно, плаќање на земјиштето со три дена задоцнување и немање инвестициска програма за време на склучување на договорот.
Само недела дена претходно, газдата на "Делата холдинг" со приватен авион слета во Скопје и се сретна со премирот Никола Груевски, но и тој очигледно не успеал да го премисли премиерот во намерата да му го одземе земјиштето. Официјално, ниту од српската компанија, ниту од Кабинетот на премиерот не соопштија никакви детали од средбата. Но, шпекулации имаше многу. Од тоа дека Мишковиќ си заминал лут, па се до тоа дека на Груевски му биле понудени 3 милиони евра мито, кои премиерот ги одбил.
Во одредени политички кругови се зборуваше дека Груевски на средбата се обидел на шега да дознае колку Бучковски точно „го чини“ Мишковиќ, но шегата на Груевски Мишковиќ ја сфатил како навреда и си заминал со зборовите „јас сум пријател со Бучковски, сакав да бидам пријател и со Вас, но ваквиот разговор нема да не' одведе до тоа. ’Делта‘ не е фирма која плаќа за да влезе во Македонија“.
Бучковски тогаш за весниците изјавил дека е сигурен оти Мишковиќ одбил да разговара со таков наметнат тон, бидејќи се работи за човек кој настапува од друга позиција, за бизнисмен кој е можеби водечки во регионов.
- Мислам дека е ова провокација. Мишковиќ е познат дека не прави бизнис со поткуп. Познавајќи го, се сомневам дека си дозволил такво нешто. Македонија треба да даде одредени привилегии за ’Делта‘ да инвестира тука, зашто Мишковиќ не е само српски тајкун, тој отворено изјавува дека сака неговата компанија да биде број еден во регионов. Станува збор за исклучително силна компанија, која нудеше можност за пласман на македонските земјоделски производи во регионот - изјавил Бучковски.
Мишковиќ преговараше и за купување на „Тинекс“
Раскинувањето на договорот за атрактивното земјиште во Карпош 3 значеше и крај на плановите на „Делта“ за Македонија. Во тој период беа прекинати или неуспешно завршија и преговорите меѓу Мишковиќ и Владимир Тодоровиќ, за купување на управувачкиот пакет во ланецот супермаркети „Тинекс“.
Во меѓувреме, почнаа да се насетуваат проблемите со кои денес се соочува Мишковиќ во Србија. Прво стигнаа најавите дека ќе биде ставен на црната листа за влез во САД, бидејќи бил дел од луѓето што своето богатство го стекнал во времето на режимот на Слободан Милошевиќ. Српскиот дневен весник "Курир" тогаш пишуваше дека по тајната одлука на американската администрација, предвидено е во иднина покрај на Мишковиќ, влез во Америка да не и се дозволи и на потпретседателката на "Делта холдинг", Милка Форцан.
"Овие поединци учествувале како министри или официјални лица во владата на Милошевиќ, ги воделе државните претпријатија, за потоа Милошевиќ да им дозволи да ги преземат и да го финансираат неговиот режим", пишуваше српскиот весник.
"Курир" најголемо внимание му посвети токму на Мишковиќ, за кого наводно било констатирано дека "развил блиски и лични односи со Слободан Милошевиќ", а како резултат на тоа тој напредувал од државен службеник во еден од најголемите банкари за време на режимот на Милошевиќ.
"За седум години од 1993 до 2000 година како претседател на Делта банка, Мишковиќ го користел односот кој го имал со Милошевиќ, за значително да го прошири своето царство, така што постојано купувал државни претпријатија, особено малопродажни ланци", пишуваше српски "Курир".
Гоце Михајловски
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот
СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени
Ако сакаш да не најдеш решение формирај комисија – Што ќе донесе анкетната расправа за Кочани?






