Досие Рој: Треба ли Македонија да стравува од дарежливиот бизнисмен од истокот?
Објавено во: Анализа 27 Јануари, 2013 10:05
Македонската влада засега не е загрижена за контроверзите за милијардерот. Министерот за финансии Зоран Ставрески, изјави дека сето тоа било прашање за правниот систем на Индија, а за нас е важно да се реализира тоа што ќе се договори.
Колку закони ќе треба да се променат за инвестициите на Субрата Рој?
Субрата Рој, најави изградба на луксузен туристички комплекс во Охрид. Љубаниште ќе заличи на Дубаи во 2020 година. За проектот што се обелодени во јавноста реагираа и еколозите. Иако, проектот се уште не е официјален и не добил конечно одобрение, и познавачите велат дека ќе го почекаат неговото официјализирање за да можат да го кажат својот став, сепак потенцираат дека она што првично е покажано во јавноста ќе значи многу променети закони, но, и многи нарушувања на природата, што не смее да се дозволи особено бидејќи станува збор за Охрид, град кој е под заштита на Унеско. А, Владата веќе скрои измени на дел од законската регулатива во земјава за која се толкува дека е сторена во интерес на Субрата Рој.
Закон за автокампови
Владата пред крајот на минатата година донесе нов Закон за автокампови во Македонија. Во Законот, пишува дека „Изградбата и изведувањето на работите за основање и работење на автокамп е од јавен интерес“. Ова предизвика бурни реакции во јавноста, бидејќи со прогласувањето на автокампот за јавен интерес, државата (согласно Законот за експропријација ) ќе може да одземе нечиј приватен имот заради изградба автокамп. Земјиштето на кое ќе се градат автокампови (сеедно дали е државно или одземено од приватни лица) ќе се продава по едно евро за квадратен метар. Додека за пратенците од владејачката ВМРО ДМПНЕ со овој закон се регулира начинот за основањето автокамп, постапката за отуѓување на земјиште наменето за автокамп, како и условите кои треба да ги исполнат корисниците на автокамповите, пратениците од опозциската СДСМ , тогаш реагираа дека ова е криминален закон бидејќи е предвидено дека автокамп е јавен интерес, што значи дека на граѓаните може да им се одзема приватен имот и потоа државата да го продава по едно евро. Дополнително опозицијата посочува и дека овој закон се носи заради барањата на индиецот Субрата Рој.
Аеродром на вода
Пред некоку дена и предлог- Законот за дополнување на Законот за внатрешна пловидба, по скратена постапка, со кој се создава правна регулатива за функционирање аеродром на вода, доби поддршка од собраниската Комисија за транспорт, врски и екологија.
Со предложените решенија целосно се уредува обележувањето подрачје на аеродром на водена површина, начинот на полетување, слетување, маневрирање и оперирање во границите на аеродромот на таква површина, како и местата, начинот и условите за слетување на хидроавион вон аеродромот на водена површина. Медиумите изградбата на аеродромот на вода во Охридското езеро веќе ја поврзаа со интересот на Индиецот Субрата Рој за изградба на лукзузен хотелски комплекс во Љубаниште.
„ Аеродромот на вода во Охрид нема да се гради како цврста и бетонизирана градба, туку станува збор за обележување на Охридското Езеро за да се воспостават одредени норми за полетување и слетување“, појасни министерот Миле Јанакиески, истакнувајќи дека се внимава максимално на еколошките стандарди со оглед дека Охридското Езеро е заштитено од УН ЕСКО.
Жителите на Љубаниште стравуваат од експропријација
Жителите на Љубаниште, се во паника. Тие стравуваат дека по пат на експропријација земјиштето ќе им биде земено од државата во интерес на инвестијата што ја најави индиецот. И охридскиот градоначалник Александар Петрески изрази стравување дека државата може да стави рака на имотите на Охриѓани и да направи нивна експропријација. Тој се сомнева и во вистинските намери на инвеститорот од Индија, односно убеден е дека во Љубаништа, наместо туристички комплекс ќе се градат приватни апартмани за продавање. Субрата Рој за 5 милиони евра го купи хотелот Славија во Охрид, каде ќе бидат сместени неговите архитекти и работници за време на градењето на македонската Сахараја.
Најавени инвестиции на Субрата Рој
Најверојатно индискиот магнат ќе добие и уште земјиште, но, не градежно туку земјоделско. Станува збор за агро-комбинатот Џумајлија кој е вториот по големина агро комбинат кој има околу 6.000 хектари обработливо земјоделско земјиште и исто толку пасишта, винарска визба, млин, фарма за крави и овци.
Но, најавите на Субрата Рој за градежни активности и купување на земјиште низ Македонија не запираат тука. Тој најверојатно ќе гради и студенски град во Велес.
За возврат, милијардерот на Македонија ќе и подари спомен обележје на Мајка Тереза во Скопје на плоштадот Македонија, но засега се знае само дека ќе биде нешто понизок од споменикот на Александар Македонски.
Токму сите овие најави за градежна експанизија на Индиецот, ги отвораат и сомнежите пласирани во странските медиуми, кои посочија дека тој не инвестира туку ограбува јавни добра. И токму поради ова познавачите предупредуваат дека велат оваа помпезна најава ќе треба да се следи со внимание и од јавноста и од владата.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот
СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени
Ако сакаш да не најдеш решение формирај комисија – Што ќе донесе анкетната расправа за Кочани?





