Досие Тачер: како економските реформи и битката со рударите ја создадоа Челичната Лејди?
Објавено во: Анализа 09 Април, 2013 07:00
Политичката кариера ја започнува во 1950 година. На 11 февруари 1975 година Тачер е избрана за претседател на Конзервативната партија и ја зазема таа функција до ноември 1990 година, кога при внатрепартиски бунт е принудена да се повлече од партиското раководство. На 19 јануари 1976 година Маргарет Тачер држи говор во Кенсингтон, во која остро го напаѓа СССР. Како одговор на нејзината говор весникот на советското Министерство за одбрана "Црвена ѕвезда" ја нарекува „Железната лејди“ и тоа име наскоро е распространето низ целиот свет преку радио "Москва".
Во телевизиска изјава во април 1979 година Тачер нанесува тежок удар за синдикатите. „Во оваа земја има луѓе кои треба да ги наречеме огромни уништувачи, тие сонуваат да ја уништат суштината на нашето слободно општество. Многу од овие рушители се во редовите на синдикатите“, изјавила Тачер.
Прв премиер на Велика Британија со високо образование од природните науки
Кога на 5 мај 1979 година Маргарет Тачер е избрана за премиер на Велика Британија, таа стана првиот и единствен досега премиер во историјата на Велика Британија со високо образование од областа на природните науки и единствената жена во Велика Британија која зазема функции на лидер на Конзервативната партија и премиер.
Само еден месец по преземањето на функцијата во 1979 година Тачер ја намалува максималната стапка на данок на работните приходи од 83% до 60%, а на нетрудовите - од 90% на 75%. На 28 јули 1980 година е донесен Закон за ограничување на овластувањата на синдикатите. Во 1981 година ја започна програмата за приватизација на државните претпријатија. По 10 години приватизацијата е прифатена во повеќе од 50 области на земјата.
Во 80-тите војуваше за Фокландските Острови
Од 24 март 1982 година до 12 јули 1982 година, Велика Британија војуваше за Фокландските Острови со Аргентина. Војната завршува со капитулацијата на Аргентина. Победата на конзервативците во јуни 1983 година често е нарекувана "ефектот Фокленд".
Во 1984 година капитулираа и рударите
Нејзината политика се засноваше на дерегулација во економскиот сектор, приватизација на јавните претпријатиа и намалување на моќта и влијанието на синдикатот. Позната е како политичар кој успеа во тоа што многу пред нејзе не успеаа, а тоа е да го задуши рударскиот синдикат во Британија, кој со децении после нејзиното владеење не успеа да се опорави.
За нејзе економијата беше многу важна, а за да ја сочува беше подготвена на се. Покажа што значи челична волја и кога поради масовното затворање на рудниците дојде до голем штрајк на рударите. Ни тоа не ја изненади бидејќи полицијата беше подготвена да го задуши штрајкот, што и го направи.
Од 1985 година речиси 230 илјади британски рудари ја загубија работата, а владата на Маргарет Тачер по цела година спротиставеност со рударските синдикати кои стапија во штрајк, затвори 165 рудници.
Во 1985 година Тачер стана првиот западен лидер кој ги поддржаа реформистички движења на советски лидер Михаил Горбачов со зборовите: "Можеме да работиме заедно".
Со победата на изборите на 11 јуни 1987 година, Тачер станува првиот премиер во Англија, кој победил три пати по ред на изборите.
Се повлекува од функцијата во ноември 1990 година откако не е реизбрана за претседател на Конзервативната партија. Во 1992 година поднесува оставка како пратеник и влегува во Домот на лордовите, како бароница Тачер.
Имаше исклучително добри односи со Роналд Реган
Маргарет Тачер ќе остане забележана како една од најконтраверзните политичари на 20-тиот век со подеднаков број на оние кои ја идеализираат и оние кои ја оспоруваат. Тоа што никој не може да им го оспори е фактот дека покажала голема одлучност отколку било кој друг политичар од нејзината генерација. Позната е по одличните односи со Роналд Реган кој исклучително ја почитуваше и ја сметаше за свој најблизок советник како и по начинот на кој го одведе Обединетото Кралство во Фокландската војна во 1982 година.
Животната приказна на Тачер пренесена и на филм
Во 2002 година откако преживеа неколку мозочни удари лекарите и препорачаа да не се појавува во јавноста. Во 2011 животната приказна на Тачер е пренесена на големото платно. За улогата на „Железната лејди“ Мерил Стрип доби Оскар.
Хулиганите во Англија славеа
Група хулигани на Ливерпул и Виган објавија на социјалните мрежи снимка на која се гледа како се радуваат на смртта на поранешната британска премиерка МаргаретТачер. На снимката се гледаат навивачи на Ливерпул и Виган кои пеат: „Кога ќе умре Маргарет Тачер, сите ќе пееме и славиме“. Снимката е направена во март, а објавена денес.
Маргарет Тачер ќе остане запаметена и по решителната и успешна битка со хулиганите во Англија.
Маргарет Тачер ќе биде погребана со воени почести
По вестта за смртта на Тачер, британскиот премиер Дејвид Камерон ја прекина европската турнеа. Пред да го напушти Мадрид изјави дека денеска е тажен ден за Британија. „Маргарет Тачер како премиерка успеа во се. Таа не само што ја водеше нашата земја,туку и ја спаси“, изјави Камерон. Маргарет Тачер ќе биде погребана со воени почести. Погребната церемонија ќе се одржи во катедралата Свети Павле во Лондон.
За Фактор Мишко Иванов, новинар на 24 Вести
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот
СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени
Ако сакаш да не најдеш решение формирај комисија – Што ќе донесе анкетната расправа за Кочани?





