ДОСИЕ ЦИПРАС: Најопасниот човек во Европа!
Објавено во: Балкан 04 Јули, 2015 21:43
Две години подоцна, во октомври 2006 година, Ципрас е избран за советник во општината на градот Атина,откако освои 10,51 отсто од гласовите. Во февруари 2008 година беше избран за лидер на партијата Синаспизмос (Коалиција на левицата, движењата и екологија). Во октомври 2009 година е избран за пратеник во Парламентот под Сириза и го презеде водството на парламентарната група на партијата. Во 2009 година, на Парламентарните избори бил избран за член на парламентот на Грција за изборна единица во Атина, а од страна на СИРИЗА бил избран едногласно како шеф на парламентарната група.
20 години формално неженет со Бети со која има два сина
Алексис Ципрас формално е неоженет, 20 години е со партнерката Перистера Бацијака со која има два сина. Тој ќе биде првиот неоженет премиер на Грција, што е голема промена за оваа конзервативна држава.
Не сака вратоврски
Мрази вратоврски, таков бил уште од младоста кога повеќе сакал да се повози со некој бесен мотор. Своевремено бил моторџија и обожувач на Че Гевара. Едно од неговите деца се вика Орфеј Ернесто, кртсен токму по Че Гевера..
Прв радикален левичарски премиер во последниве 150 години
Алексис Ципрас ќе стане првиот радикален левичарски премиер и најмлад грчки премиер во последниве 150 години. Неговата партија Сириза победи на општите избори во Грција за прв пат во својата историја.
Брисел во паника
Стоп за штедењето, излез од еврозоната, поголеми даноци за богатите- со оваа економска предизборна програма левичарската коалиција СИРИЗА ја доби довербата од граѓаните. Победата на Ципрас ги вознемири меѓународните кредитори. Европската централна банка веднаш порача дека тие не може да учествува во какво било отпишување на долгот на Грција.
Германската канцеларка Ангела Меркел очекува новата грчка влада да ги почитува своите обврски кон меѓународните кредитори. “Мерките за штедење не се дел од европските договори; демократијата и принципите на народна сувереност се”, изјави предизборно Ципрас.
И оттогаш наваму, се што рече, се си исполни. Меркел и останатите европски лидери засега чекаат, иако нема да седат мирно. После понеделник најопасниот човек во европа ќе има многу опасни непријатели.
Р.Ф
Можеби ќе ве интересира
Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?
(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација




