ДОСИЕ ВОИСЛАВ ШЕШЕЉ: од живот на железничка станица до Хаг и враќање на политичката сцена!
Објавено во: Балкан 08 Ноември, 2014 09:16
Проф. Д-р Воислав Шешељ е еден од основачите и претседател на Српската радикална партија од нејзиното основање, во 1991 година. Повеќе од 10 години е избиран за пратеник во Народното собрание на Србија и во собранието на Сојузна Република Југославија. Четири пати бил кандидат за претседател на Република Србија. Шешељ ја извршуваше функцијата потпретседател на Владата на република Србија (1998 - 2000), а во периодот од 1996 - 1998 бил претседател на општина Земун.
Потекло на Шешељ
Подоцна со одлука на Врховниот суд на СФРЈ, казната му е намалена на 6, па на 4, па на 2 години. Во затворот во Зеница поминал 22 месеци, од кои 6 во самица. На раното пуштање од затвор во 1986 година влијаеа бројните петиции и протести на интелектуалците од сите краеви на Југославија. По излегувањето од затвор, се преселува во Белград каде живее од пишување и самостојно издавање на книги. Се збилижил со Вук Драшковиќ, кој му го крстеше и синот Никола, но подоцна го растурија пријателството поради различните политички погледи.
За време на војните на просторите на поранешна Југославија ги застапувал радикалните националистички ставови. Со Социјалистичкатапартија на Слободан Милошевиќ неколку пати бил во коалција на власт (1998 - 2000) и ја подржал нивната малцинска влада (1992 - 1993), додека во останатиот период бил во опозиција. За цело време во 90-тите години од минатиот век, Шешељ настапувал со изразито националистички позиции заговарајќи ја идејата за создавање на Голема Србија.
11 години поминати во Хашкиот трибунал
Од 24 февруари 2003 година Шешељ е во притвор во Меѓународниот кривичен трибунал за поранешна Југославија во Хаг, каде му се суди за убиства, нехумани дела, прогонства на политичка, расна и верска основа, истребување и напади на цивили на териториите на Хрватска и Босна и Херцеговина.
Сам се бранеше во Хаг
Опасен, но и забавен, дури и безобразен, вешт во говорот, негов најголем простор за ги изложи идеите му беше токму Хашкиот суд. Еве дел од неговите расправи со судијата во Хаг.
„Ве молам прочитајте на српски што пишува на крајот на реченицата. На крајот сум рекол, Вие сите припадници на Секретаријатот на хашкиот трибунал може само да прифатите да ми го п..... Тоа стои во текстот“.
„Господине Шешељ, Ве молам да станете. Јас да станам, па Вие не сте нормални, Вие сте белосветско ѓубре, како можам јас Вам да Ви станам, јас сум четнички војвода“.
Шешељ се враќа во Србија
Советот на Хашкиот трибунал одлучи привремено да го пушти на слобода обвинетиот Воислав Шешељ, откако српската Влада понуди условни гаранции за негово ослободување. Сепак, се уште не е познато какви услови за ослободувањето постави Хапкиот трибунал и дали Шешељ ќе се согласи со нив. Неговиот син Александар и неговите сопартијци од Српската радикална партија очекуваат да се слушнат со Шешељ за да видат дали ја добил одлуката. Ни тие точно не знаат што пишува во доверливите анекси на оваа одлука, со кои е условена слободата. Лидерот на српските радикали Шешељ е во притвор во Хашкиот трибунал цели 12 години, но пред еден месец му беа откриени метастази на рак на црниот дроб, а лекарите оценија дека неговата здравствена состојба е животно загрозувачка. Минатата година Шешељ беше опериран од рак на дебелото црево. Доколку тој ја одбие одлуката на Трибуналот за привремено ослободување, тогаш Хаг ќе донесе одлука за натамошните чекори.
Шешељ: Во Србија доаѓам за да се одмаздам, а не за да се лекувам
„Кога ќе дојдам во Србија, нема да се занимавам со своето лекување, туку со сите сили ќе почнам да се одмаздувам“, порача Воислав Шешељ во Хашкиот трибунал. Со оваа закана, како што пишуваат српските медиуми, Шешељ додал дека нема да прифати ничија гаранција, ниту било какво условување. Единствено што го интересирало е Трибуналот да го ослободии да го пушти дома.
Во иделогијата за Голема Србија Шешељ ја смести и Македонија
Поранешниот лидер на Српската радикална партија Воислав Шешељ потврди дека имал за цел создавање на Голема Србија, во која би влегле „српска Босна, српска Херцеговина, српска Македонија, српска Црна Гора“ и голем дел од Хрватска. Шешељ овие зборови ги искажа за време на судењето на поранешниот лидер на босанските Срби Радован Караџиќ во Хашкиот трибунал, каде се појавил во својство на сведок на одбраната.
„Тоа беше и остана моја генерална цел, но не беше генерална цел на Србија и српското раководство. Тоа е цел на Српската радикална партија, но не и на други партии“, рече Шешељ одговарајќи на прашањето на обвинителството.
Р.Ф
Можеби ќе ве интересира
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација
Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата
Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии
Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни
Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата




