16 Декември, 2025
0.0346

ПО ИНЦИДЕНТОТ ВО ТИРАНА: Грција реагира за нападот врз Белери

Објавено во: Балкан 29 Октомври, 2024 19:52

Добивај вести на Viber

Грција реагира до Албанија за инцидентот кој денеска се случи во Тирана. 

Министерството за надворешни работи на Грција преку соопштение го осуди нападот врз грчкиот европратеник Фреди Белери во Тирана при посетата на делегацијата на Европскиот парламент за проверка на пристапниот процес на Албанија, јави дописничката на МИА од Атина.

„Албанските власти мора да ги преземат неопходните мерки за да се гарантира безбедноста на европратениците и слободата непречено да ја извршуваат нивната работа. Европратениците ги претставуваат интересите на граѓаните на Европската унија и треба да уживаат должна почит“, соопштија од грчкото МНР. 

Како што претходно објави МИА, во Тирана денеска и утре се одржува 18-тиот состанок на парламентарната комисија за стабилизација и асоцијација ЕУ-Албанија, на кој учествуваат десет пратеници од Европскиот парламент, меѓу кои и Фреди Белери, а пред влегувањето во парламентот, тој беше пречекан со навреди од помала група граѓани, а едно од лицата фрлаше јајца и јогурт кон него, но тој не реагираше и влезе во зградата. 

Фреди Белери (52), кој е припадник на грчкото малцинство во Албанија, доби двегодишна затворска казна за купување гласови, а беше уапсен два дена пред изборите што се одржаа на 14 мај минатата година. Иако во притвор тој беше реизбран за градоначалник на јужното приморско гратче Химара, но не даде заклетва во предвидениот законски рок, по што беа спроведени дополнителни избори. Тој во јуни годинава беше избран на конзервативната листа на грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис за европратеник, чија инаугуративна седница беше во средината на јули, на која присуствуваше со претходна дозвола на затворот. 

Можеби ќе ве интересира

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата